Банката им отвора денарска трансакциска сметка на резиденти – физички лица, кои остваруваат редовни приливи по основ на плата и други лични примања по разни основи.

При отворање трансакциска сметка странката треба да приложи важечки документ за идентификација (лична карта или патна исправа), како и пополнети „Апликација/Барање за регистрација на клиент” и „Барање за отворање на трансакциска сметка” .

На сопственикот на трансакциска сметка Банката му издава потписна картичка со којашто сопственикот може да врши готовински уплати и исплати на шалтерите на Банката. Исто така, при отворање трансакциска сметка, на сопственикот ќе му се издаде бесплатна парична картичка од брендот на Visa Electron, којашто може да се користи во трговската мрежа во земјата и во странство, како и за подигнување на готовина од АТМ во земјата и во странство.

Информација за состојбата на трансакциска сметка и нејзините промени сопственикот може да добие бесплатно:

Банката одобрува дозволено пречекорување на трансакциски сметки на кои пристигнуваат редовни месечни приливи од редовен работен однос - плата или месечни приливи по основ на пензија, по претходно поднесено барање од страна на правното лице за своите вработени или лично, на шалтерите на Банката. За искористеното дозволено пречекорување, Банката пресметува камата во согласност со Одлуката за политиката на каматни стапки.

Банката на своите клиенти им ја нуди опцијата за плаќање со траен налог на редовните месечни трошоци, обврски по кредит, пренос на средства на други трансакциски сметки во Банката, како и пренос на средства на трансакциски сметки во други банки.

ТРАЕН НАЛОГ

На позитивното салдо на трансакциската сметка, Банката исплатува камата по видување во согласност со Одуката за политиката на каматни стапки на Банката.