За испраќање девизни средства во странство со дознака, потребно е да се достават до Банката следните податоци:

  1. Име и презиме на лицето или назив на фирмата - корисник на плаќањето
  2. Точна адреса
  3. Бројот на сметката или IBAN-бројот
  4. Името на банката кај која корисникот има сметка
  5. Адреса на банката или филијалата
  6. Бројот на филијалата, т.е. Sort Cod, ABA број или BLZ (доколку постои можност)
  7. SWIFT Cod на банката (кодот е задолжителен)

Физичко лице, жител на Република Македонија резидент може да му испрати средства во странство на друго физичко лице – жител на странска земја – нерезидент, максимален износ од ЕУР 2.500 месечно.

Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент, може да му испрати средства во странство на правно лице со седиште во странска земја – нерезидент, износ кој не е лимитиран, но за кој мора до Банката да достави валиден документ, од кој ќе се види основот на плаќањето: фактура, профактура, договор или друго.

Трансфери во странство на домашни физички лица резиденти, кои се однесуваат на семејни животни трошоци (престој во странство заради школување, лекување и други трошоци), како и за лични трансфери на средства во противвредност до ЕУР 2.500 месечно, може да се извршат и без презентација на соодветен документ, доволна е информација. За трансфери поголеми од ЕУР 2.500 задолжително се доставува документ врз основа на кој ќе се утврди основот на плаќање.

За трансфер од физичко лице  резидент, на сопствена сметка во странска банка, важат правилата според Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство и нејзините дополненија.

Банката е должна налогот за плаќање 1450 да го изврши со датум на валута најдоцна третиот ден од денот на прифаќање на налогот, освен ако со налогодавачот не е поинаку договорено.

Кај странските физички лица нерезиденти, трансфер на средства во странство и подигање ефективни девизни средства се врши без ограничувања