Гаранции за
физички лица

Банкарската гаранција е писмен документ со кој банката - гарант се обврзува на безусловна и промптна исплата на одредена сума пари во корист на корисникот на гаранцијата, доколку должникот не исполни одредена обврска во предвидениот рок, која може да биде платежна или чинидбена.

карактеристики

Намена:

Платежни гаранции:

  • Гаранција за навремено измирување на парични обврски

Чинидбени гаранции:

  • Гаранција за учество на лицитација
  • Гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите
  • Гаранција за враќање на примен аванс
  • Гаранција за обврски во гарантен рок
  • Гаранција за обезбедување на плаќање царински долг
  • Останати видови гаранции согласно потребите на клиентот

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС:

нема ограничување, во согласност со потребите

РОК НА ВРАЌАЊЕ:

- 1 година со можност за реодобрување

Трошок за аплицирање за кредит - 200,00 МКД

Провизија за одобрен кредит

  • 0,15% тримесечно, или дел од него, или минимум 500,00 МКД за гаранција обезбедена со бескаматен депозит;
  • 0,30% тримесечно, или дел од него, или минимум 1.000,00 МКД за сите останати

услови

  • старосна граница - максимум 70 години на денот на достасување на кредитот за кредитокорисниците

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ:

меница и менична изјава, административна забрана на плата/траен налог за пензионери, хипотека на недвижен имот (исклучиво станбен и деловен простор, не се прифаќа земјиште, во сооднос 2:1), полиса винкулирана во корист на Банката, 103% наменски орочен бескаматен депозит валутно услогласен со барањето за гаранцијата

каматни стапки

Договорна казнена камата, доколу дојде до неисполнување на обврската од страна на Должникот по гаранцијата, во случај на протест од страна на Корисникот