Кредит
обезбeден со
депозит

Намена: Финансирање на обртни средства (плаќање на добавувачите за веќе набавени суровини или репроматеријали, исплата на плати како и други краткорочни обврски)

Карактеристики

Износ на кредитот:

Според висината на депозитот.

Валута на кредитот:

денари (МКД)

Рок на враќање:

до 12 месеци

Рок на користење:

до рокот на важноста на кредитот, согласно потребите на клиентот

Начин на враќање:

Еднократно доспевање на крај на периодот со можност за предвремено враќање (целосно или делумно до исплата на целиот износ во предвидениот рок) и отплата на месечни, тромесечни или полугодипни ануитети

Услови

Обезбедување:

Минимален износ на депозит согласно Каталогот на обезбедувања и политиката на Банката*
*При користење на депозит во иста валута на бараниот кредит износот на депозитот треба да е најмалку 103% од вредноста на кредитот. Девизен депозит може да служи како обезбедување на кредит во денари со горенаведениот сооднос. Денарски депозит може да служи како обезбедување на девизен кредит во вредност од најмалку 125% од вредноста на кредитот
Рокот на важност на депозитот треба да е најмалку еднаков или поголем од рокот на важност на кредитот.

Каматни стапки

Каматна маргина:

Согласно Одлуката за политиката на каматни стапки на Банката (од 1% до 3% каматна маргина над каматната стапка на депозитот, во зависност од соодносот депозит/кредит и нивото на соработка со Банката

Провизија:

Еднократна провизија согласно Тарифата за надоместоци и услуги на Банката (во моментот 0,3% еднократно, миинимум 3.000 денари, максимум 50.000 денари)

Останати провизии:

нема