Кредит за купување на опрема за земјоделие

наменски, за купување на опрема за земјоделие - трактори, комбајни, приклучна механизација и други земјоделски машини

карактеристики

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС:

- до 30.000,00 ЕУР / 1.800.000,00 МКД

50% сопствено учество

РОК НА ВРАЌАЊЕ:

- до 60 месеци

Трошок за аплицирање за кредит - 200,00 МКД

Провизија за одобрен кредит

  • 1% за приматели на плата преку СТББТ;
  • 1,5% за неприматели на плата преку СТББТ

услови

  • кредитоспособност од ½ (рата/плата) за кредитобаратели вработени во ЈП, буџетски или финансиски институции и приватни фирми прифатливи за Банката кои ја примаат платата/пензијата преку СТББТ или ќе потпишаат изјава дека во рок не подолг од 45 дена ќе ја префрлат платата/пензијата преку СТББТ
  • кредитоспособност од 1/3 (рата/плата) за кредитобаратели вработени во приватни фирми кои не ја примаат платата/пензијата преку СТББТ
  • старосна граница - максимум 64 години на денот на достасување на кредитот

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ:

административна забрана на плата, меница и менична изјава, залог на предметот на купопродажба, полиса за осигурување винкулирана во корист на Банката. Не се исклучува можноста како обезбедување да се понуди недвижен имот во сооднос 2/1 со кредитот.

каматни стапки

7,632% - денарски кредит со девизна клаузула (за кредитобаратели кои ја примаат платата преку СТББТ)

10,00% - денарски кредит (за кредитобаратели кои не ја примаат плата преку СТББТ)

останато

  • можност за вклучување најмногу еден кокредитобарател (член на потесно семејство)
  • за овој производ, покрај редовно вработени може да аплицираат и регистрирани земјоделци