Кредит за
ликвидност

Намена: Решавање на краткорочните потреби за ликвидност (плаќање на добавувачите за веќе набавени суровини или репроматеријали, исплата на плати како и други краткорочни обврски)

Карактеристики

Износ на кредитот:

Според кредитоспособноста на барателот на кредитот.

Валута на кредитот:

денари (МКД)

Рок на враќање:

до 1 месец

Начин на враќање:

Еднократно доспевање на крај на периодот со можност за предвремено враќање (целосно или делумно до исплата на целиот износ во предвидениот рок)

Услови

Обезбедување:

Според важечкиот каталог за обезбедување на Стопанска банка ад Битола во моментот на одобрувањето

Каматни стапки

Каматна стапка:

Согласно Одлуката за политиката на каматни стапки на Банката

Провизија:

Еднократна провизија согласно Тарифата за надоместоци и услуги на Банката (во моментот 0,3% еднократно, минимум 1.000 денари, максимум 10.000 денари за кредити одобрени со депозитно обезбедување и 1% еднократно, миинимум 3.000 денари за кредити обезбедени со останати видови на обезбедување)

Останати провизии:

2.000 денари манипулативен трошок за одобрено барање (не се наплаќа за кредити обезбедени со депозитно обезбедување)