Потрошувачки
кредит за пензионери

ненаменски – средствата се префрлаат на трансакциската сметка на корисникот (не е потребно да се бара доказ за намената на кредитот). наменски - средствата се префрлаат на трансакциската сметка на корисникот од каде директно се префрлаат на сметката на фирмата согласно доставената про -фактурa / фактура.

карактеристики

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС

согласно кредитната способност на Барателот за кредит

БЕЗ ЖИРАНТИ - до 120.000,00 МКД

СО 1 ЖИРАНТ - од 120.000,00 до 200.000,00 МКД

СО 2 ЖИРАНТИ - над 200.000,00 МКД

РОК НА ВРАЌАЊЕ

  • до 48 месеци - за кредит до 120.000,00 МКД
  • до 60 месеци - за кредити над 120.000,00 МКД

Трошок за аплицирање за кредит - 200,00 МКД

Провизија за одобрен кредит

  • 1% за наменски кредити
  • 2% за ненаменски кредити

услови

  • кредитоспособност од 1/2 (рата/пензија) за кредитокорисници кои пензијата ја примаат на транскциска сметка во СТББТ или ќе потпишат изјава дека во рок од 45 дена пензијата ќе ја префрлат преку СТББТ чии кредити се обезбедени со најмалку 1 жирант - кредитоспособност од 1/3 (рата/плата) за кредитобаратели вработени во останати приватни фирми
  • кредитоспособност од 1/3 (рата/пензија) за кредитокорисници чии кредити се обезбедени само со меница (без жиранти)
  • кредитоспособност од 1/2 однос (рата/плата) за жирантот/ите
  • старосна граница - максимум 75 години на денот на достасување на кредитот за кредитокорисниците, 70 за жирантите

каматни стапки

10,90% годишна каматна стапка

останато

* Еден жирант може да се замени со солемнизација на договорот за кредит со вклучени извршни клаузули потпишан од страна на барателот доколку поседува имот на свое име, или со друг гарант платец кој поседува имот на свое име