Платежна дебитна картичка поврзана со ТРС на клиент наменета за плаќање во земјата и странство

  • Можност за одбрување на лимит во висина од 3 месечни плати кои што корисникот на картичката ќе може да ги користи на ПОС и АТМ, без провизија,
  • Можност за одобрување на лимит во висина од 2 месечни плати за подигање на готовина на 3, 6, 9 и 12 рати без камта (само со провизија) на шалтерите на банката. Може да се подигаат средства и на повеќе од 12 рати и тоа 15, 18, 21 и 24 за што дополнително ќе се пресметува и камата во висина од 11,25%

MasterCard Debit е дебитна платежна картичка која нуди можност за безконтактно плаќање. Плаќајте едноставно и брзо, само со доближување на картичката до ПОС терминалот, без внесување на PIN код за трансакции во износ до 750 денари.

Корисни совети за користење на платежни картички

Губење или кражба на картичка

  • Во случај на губење или кражба на картичката истата можете да ја блокирате во контакт центарот Касис  секој ден во неделата (24/7), на следниот телефонски број + 389 02 3293888