Учесник во платен промет е домашно или странско, правно или физичко лице кое врши регистрирана дејност или друго физичко лице, кое врши плаќање во денари преку носителите на платниот промет.

Трансакциска сметка претставува единствен и неповторлив нумерички податок кој служи за идентификација на учесникот во платниот промет, преку која се евидентираат сите денарски трансакции кои се вршат преку Банката.

Отворање трансакциска сметка за физичко лице

  • Трансакциска сметка може да отворат сите физички лица – државјани на Република Македонија, како и физички лица странски државјани, кои во согласност со законската регулатива имаат третман на резидент  и имаат лична карта на странец издадена од МВР на РМ.
  • Банката може да им отвора сметки и на малолетни лица и на лица на кои им е одземена деловната способност кои пред Банката ги застапува законски застапник, односно старател во согласност со законските прописи.

Барање за отворање и водење трансакциска сметка

Апликација/барање за регистрирање на клиент

Договор за отворање и водење на трансакциска сметка

FATCA Прашалник за клиенти физички лица


Третман на слепите лица во користењето на банкарските услуги

  •  ОТВОРАЊЕ СМЕТКА НА СЛЕПО ЛИЦЕ - во присуство на двајца сведоци од кои еден е задолжително банкарски службеник, сметката се отвора со потпис на документите од страна на слепото лице (со негов потпис, ракознак, факсимил и сл.) и со потпис на двајцата сведоци (придружник на слепото лице и/или вработен во Банката) на документите за отворање на сметката, односно на апликацијата за идентификација на клиенти во делот на забелешка или на крајот од неа.
  • ИСПЛАТА/УПЛАТА СРЕДСТВА НА СМЕТКА – во присуство на двајца сведоци од кои еден задолжително е банкарски службеник. Банката интерно може да пропише и присуство на двајца банкарски службеници. Доколку слепото лице во Банката е присутно без придружник при исплата/уплата на средства на сметката како сведоци може да бидат и двајца банкарски службеници кои задолжително ставаат потпис на уплатното/исплатното ливче.

Картица за трансакциска сметка

Картицата за трансакциска сметка е посебен образец со чие приложување заедно со личната карта или патната исправа се утврдува идентитетот на имателот на трансакциската сметка.

Инструментите на платниот промет за безготовински и готовински плаќања  се:

  • Налог за пренос  (образец ПП 30)
  • Налог за плаќање на јавни приходи (образец ПП 50)
  • Налог за плаќање на придонеси од плата (на товар на еден налогодавач а во полза на еден или повеќе примачи) (образец ПП 53)
  • Налог  за готовински уплати (ПП10 и ПП50)
  • Налог  за готовински исплати (ПП40)