Ненаменски потрошувачки
денарски кредит со
фиксна камата за
првата година

ненаменски – средствата се префрлаат на трансакциската сметка на корисникот (кредитот може да се користи за рефинансирање на обврски во други банки, рефинансирање на обврски произлезени од кредитни картички, дозволено пречекорување и кредити со девизна клаузула во Банката)

карактеристики

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС

согласно кредитната способност на Барателот за кредит - до 600.000,00 МКД

150.000,00 МКД за вработени на определено во Дрекселмаер, Kroberg&Schubert и Маркарт Македонија

БЕЗ ЖИРАНТИ - до 400.000,00 МКД за вработени во ЈП, АД и останати фирми прифатливи за Банката, ДХЛ Дооел Скопје

БЕЗ ЖИРАНТИ - до 150.000,00 МКД за пензионери

СО 1 ЖИРАНТ - од 400.001,00 МКД до 600.000,00 МКД за вработени во ЈП, АД и останати фирми прифатливи за Банката, ДХЛ Дооел Скопје

СО 1 ЖИРАНТ - до 300.000,00 МКД за вработени во останати фирми

СО 1 ЖИРАНТ - од 150.000,00 МКД до 300.000,00 МКД за пензионери

СО 2 ЖИРАНТИ - од 300.001,00 МКД до 600.000,00 МКД за вработени во останати фирми и пензионери

Трошок за аплицирање за кредит - 0,00 МКД

Провизија за одобрен кредит - 2,00% / 0,00 МКД за рефинансирање во други Банки

РОК НА ВРАЌАЊЕ

  • до 95 месеци
  • до 60 месеци за вработени на определено во Дрекселмаер, Kroberg&Schubert и Маркарт Македонија

услови

  • кредитоспособност од ½ (рата/плата) на вработени вработени во ЈП, АД, останати фирми прифатливи за Банката, ДХЛ Македонија и пензионери
  • кредитоспособност до 40% од плата за вработени во останати приватни фирми и вработени на определено работно време во Дрекселмаер, Kroberg&Schubert и Маркарт Македонија
  • старосна граница - максимум 64 години на денот на достасување на кредитот за редовно вработени и 70 години за пензионери

каматни стапки

денарски кредит - 7,50% фиксна за првата година / 10,90% - прилагодлива за останатиот период

останато

*Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули.

** Еден жирант може да се замени со солемнизација на договорот за кредит со вклучени извршни клаузули потпишан од страна на барателот доколку поседува имот на свое име, или со друг гарант платец кој поседува имот на свое име

- за вработени во ЈП, АД и фирми прифатливи за Банката платата не е задолжително да се прима во СТББТ, за вработените во Дрексел Маер и за останатите платата/пензијата е задолжително да се добива на трансакциска сметка во СТББТ