Посебен
Станбен кредит

за вработени во фирми и нивни поврзани субјекти кои имаат учество во банката над 60.000.000,00 денари, како и купување на станбен или деловен простор од компанија/инвеститор или нивни поврзани субјекти кои имаат учество во банката над 60.000.000,00 денари

карактеристики

наменски:

  • за купување на недвижен имот-стан/куќа според доставен преддоговор за купопродажба
  • за изградба (доградба) на индивидуални објекти со одобрение за градба и соодветен проект
  • за рефинансирање на станбени кредити во други Банки

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС:

според вредноста на недвижноста согласно преддоговор/договор за купопродажба, намален за износот на сопственото учество

25% сопствено учество / можност без учество со вредност на хипотека од 2/1, од кои задолжително предметот на купопродажба / за кредити за рефинансирање не е потребно сопствено учество

РОК НА ВРАЌАЊЕ:

- до 360 месеци

Трошок за аплицирање за кредит - 200,00 МКД

Провизија за одобрен кредит

  • 500 МКД за менаџери на фирми или нивни поврзани субјекти кои имаат учество во Банката од над 60.000.000,00 мкд
  • 1% за сите останати
  • 0% за рефинансирање

Трошок за предвремена отплата

  • без надомест за предвреме извршена уплата до 20% од преостанатиот дел од главницата на кредитот во тековниот месец;
  • 3% од главницата на кредитот што предвремено се уплаќа, за износи над 20% од преостанатиот дел од главницата на кредитот на кредитот

услови

  • кредитоспособност од ½ (рата/плата)
  • можност за вклучување најмногу еден кокредитобарател (член на потесно семејство)
  • старосна граница - максимум 75 години на денот на достасување на кредитот

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ:

меница и менична изјава, административна забрана на плата*/траен налог за пензионери, полиса за осигурување на недвижен имот винкулирана во корист на Банката и едно од понудените две опции:

1/ учество од минимум 25% и хипотека на стан или куќа (предметот на купопродажба), Доколку станот е во сопственост на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за републиката, до добивање на имотен лист на име на купувачот, по одобрување, а пред реализација на кредитот, кредитокорисникот/ците задолжително е да направат солемнизација на Договорот за кредит на нотар. По добивање на имотен лист, обврска на купувачот/ите е да воспостави хипотека на предметната недвижност во корист на Банката

2/ хипотека на недвижен имот во сооднос 2:1 од износот на кредитот, од кои задолжително предметот на купопродажба

3/ при рефинансирање на станбени кредити од други банки, како обезбедување се зема имотот кој бил предмет на купопродажба, или хипотека на друг недвижен имот во сооднос 2:1 со можност за продолжување на рокот на отплата, максимум до 360 месеци

каматни стапки

5,00% - Фиксна каматна стапка во првите 5 години (годишно) во случај на редовна отплата, т.е. Најдоцна до 30 дена од датумот на доспевање на кредитот

6,95% Прилагодлива каматна стапка по петтата година, доколку кредитокорисниците редовно ги сервисираат обврските по кредитот т.е. најдоцна до 30 дена од датумот на доспевање на ануитетот

7,632% Прилагодлива каматна стапка по третата година, како и во првите три години, доколку кредитот не се отплатува редовно, т.е. Кредитокорисникот доцни со плаќање на еден или повеќе ануитети

останато

* Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули.