Субвенциониран станбен
кредит

наменски за купување на нов стан или изгрдаба/купување на нова куќа кои се изградени или се градат согласно со Законот за градење

карактеристики

Наменски:

  • Субвенционирањето на станбен кредит може да се користи само за купување на стан или куќа непосредно од инвеститорот на објектот или изведувачите, односно за изградба на нова куќа, доколку градежно-техничката документација гласи на име на барателот на субвенциониран станбен кредит
  • Субвенционирање на станбен кредит може да се користи само доколку продажната цена по м2 нето корисна површина со вклуен данок на додадена вредност не надминува 900 евра во денарска противвредност по средниот курс на НБРМ на денот на поднесување на барањето за субвенционирање на станбен кредит

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС - 50.000,00 ЕУР

25% сопствено учество во инвестицијата

РОК НА ВРАЌАЊЕ

1/ минимум 240 месеци, а максимум 360 месеци во случај кога од Буџетот на Министерство за Финансии се плаќа половина на месечниот ануитет во првите пет години од неговата отплата за купување на нов стан , односно 75% од месечниот ануитет во првите пет години од неговата отплата за изгрдаба/купување на нова куќа или

2/ минимум 240 месеци, а максимум 360 месеци во случај кога од Буџетот на Министерство за Финансии се плаќа половина од учеството за станот кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит, т.е. не повеќе од 6.250 евра во денарска противвреднот, односно 75% од учеството за куќата кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит т.е. не повеќе од 9.375 евра во денарска противвредност

Доколку како барател на кредит за изградба/купување на куќа се јави физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години се субвенционира со средства од Буџетот на Република Македонија, на начин што од буџетот на Министерството за финансии се плаќа:

  • 80% од месечниот ануитет во првите осум и 50% од месечниот ануитет во следните 3 години од неговата отплата за изградба или купување на нова куќа или
  • Целосниот износ на учеството за изградба или купување на нова куќа, кој не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит, односно не повеќе од 12.500 евра во денарска противвредност

Трошок за аплицирање за кредит - 500,00 МКД

Провизија за одобрен кредит - 1%

Трошок за предвремена отплата - нема

услови

  • кредитоспособност од ½ (рата/плата)
  • можност за вклучување најмногу еден кокредитобарател (член на потесно семејство)
  • старосна граница - максимум 75 години на денот на достасување на кредитот

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ:

меница и менична изјава, административна забрана на плата, полиса за осигурување на недвижен имот винкулирана во корист на Банката и едно од понудените две опции:

  • во случај кога корисникот нема учество од минимум 25%, вредноста на хипотеката треба да изнесува 2/1 во сооднос со кредитот, од која задолжително под залог мора да се остави новокупениот стан
  • сопствено учество од минимум 25% и хипотека на новиот стан/куќа, освен во случај за баратели или лица во брачна заедница со и со наполнети 35 години кои аплицираат за изградба /купување на куќа со субвенција на учество кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит, односно не повеќе од 12.500 евра во денарска противвредност; кредитоспособност ½ (рата/плата)

каматни стапки

Во случај кога од Буџетот на Министерство за Финансии се плаќа половина од месечниот ануитет во првите пет години од отплата на кредитот за купување на нов стан, односно 75% од месечниот ануитет во првите пет години од отплатата на кредитот за изградба/купување на куќа и во случај за изградба/купување на куќа се јави физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години:

  • 3,95% фиксна каматна стапка во првите три години од отплатата на кредитот
  • 4,44% фиксна каматна стапка во четвртата и петтата година од отплата на кредитот
  • 6 месечен ЕУРИБОР + 5% маржа, но и не помала каматна стапка од 6,90% п.а. по петтата година променлива каматна стапка

Во случај кога од Буџетот на Министерство за Финансии се плаќа половина од учеството за станот кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит, т.е. не повеќе од 6.250 евра во денарска противвредност, односно 75% од учеството за куќата кое не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит т.е. не повеќе од 9.375 евра во денарска противвредност и Целосниот износ на учеството за изградба или купување на нова куќа, кој не смее да надмине 25% од максималната субвенционирана вредност на станбениот кредит, односно не повеќе од 12.500 евра во денарска противвредност за изградба/купување на куќа се јави физичко лице до и со наполнети 35 години возраст, односно физичко лице кое е во брачна заедница во која барем едниот брачен другар е на возраст до и со наполнети 35 години:

  • променлива годишна каматна стапка - не повисока од 6 месечен ЕУРИБОР + 4,5 процентни поени на годишно ниво за целото времетраење на отплатата на кредитот - прилагодувањето ќе се врши на шестмесечна основа и тоа на 01.01. и 01.07. секоја година

останато

* Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули.

*Средствата за субвенциониран кредит се неповратни во случај на редовна отплата на субвенционираниот кредит, по истекот на десетата година, односно дванаесетата година од отплатата на кредитот.