Комисионен кредит
преку проектот
за самовработување

карактеристики

НАМЕНА:

Средствата да бидат искористени за регистрирање на нов бизнис и да се отворат онолку работни места колку што се предвидени во договорот за кредит (Доказ: решение за регистрација и М1 М2 образец)

  • Доколку кредитокорисникот има претходен долг до МКД 30.000,00 над 60 дена може да му се овозможи рефинансирање на долгот односно заостанатиот долг да се покрие со кредитот од Проектот за самовработување со кредитирање, а остатокот да се префрли на сметка на корисникот на кредитот.

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС:

  • За дејности од помал обем максимален износ до ЕВРА 9.000,00 (по 3.000,00 евра за секое новоотвореноработно место, при што се финансираат дејности со најмногу 3 работни места)
  • За дејности од поголем обем максимален износ до ЕВРА 17.000,00 (5.000,00 евра за кредитобарателот и по 3.000,00 евра за секое новоотвореноработно место, при што се финансираат дејности со најмногу 5 работни места)
  • За млади до 29 години максимален износ до ЕВРА 23.000,00 (7.000,00 евра за кредитобарателот, а за секое новоотворено работно место можат да се одобрат дополнителни 1.000,00 евра на основниот износ од 3.000,00 евра , при што се финансираат дејности со најмногу 5 работни места)
  • За невработени лица по основ на технолошки вишок, стечај или ликвидација и кои се евидентирани како невработени лица повеќе од три години, максималниот износ на кредитот може да изнесува ЕВРА 22.000,00 за пет нововработени лица (5.000 евра за носителот на кредитот (плус 1.000), а за секое наредно нововработено лице има право на кредитот до 3.000,00 евра (плус 1.000).

РОК НА ВРАЌАЊЕ:

  • 3 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит одобрен на износ до ЕВРА 9.000,00
  • 5 години со вклучен грејс период од 1 година за кредит одобрен на износ над ЕВРА 9.000,00
  • 7 години со вклучен грејс период од 18 месеци за кредити одобрени на малди лица до 29 години.

Трошок за аплицирање и провизија за одобрување - нема

услови

  • кредитоспособност за Кредитобарател: не се пресметува, за Жиранти: ½ ( рата/плата)
  • старосна граница - максимум 64 години на денот на достасување на кредитот

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ:

  • За кредит до 3.000,00 евра за невработени , односно, до 4.000 евра потребна е гаранција од еден кредитоспособен жирант вработен во јавна администрација, АД или приватна фирма со 5 или над 5 вработени
  • За средства од одобрени кредити до 8.000,00 евра потребна е гаранција од 2 (два) кредитоспособни жиранти вработени во јавна администрација, АД или приватна фирма со 5 или над 5 вработени
  • За средства од одобрени кредити до 12.000,00 евра потребна е гаранција од 3 (три) кредитоспособни жиранти вработени во јавна администрација, АД или приватна фирма со 5 или над 5 вработени
  • За износи над 12.000 евра потребно е:
    • хипотека во сооднос 1:1 во однос на одобрениот кредит ( вклучува и земјиште )
    • Залог на подвижни предмети во однос 1:2 во однос на одобрениот кредит
    • Хипотека над земјиште :
      • Зона 1 , Сооднос 1: 1,5 во однос на одобрениот кредит
      • Зона 2 , Сооднос 1 : 2 во однос на одобрениот кредит
      • Зона 3 , Сооднос 1 : 3 во однос на одобрениот кредит
      • Сопствена меница авалирана од најмалку еден авалист за која правата и обврските по однос на истата се уредени со менична изјава дадена во форма на нотарски акт и со извршна исправа.

каматни стапки

1% на годишно ниво

* Во случај на доцнење се наплатува зголемена договорна камата во висина од 5% поени над редовната

останато

  • по вработувањето платата задлжително да се прима преку трансакциска сметка во Стопанска банка АД Битола
  • Целокупното работење на новоформираното друштво преку проектот самовработување да се одвива преку сметка во Стопанска банак АД Битола