ЈАВЕН ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА СОБРАНИЕ НА БАНКАТА

Врз основа на член 48 и 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола (пречистен текст) СО бр.02-19026/1/II-2 од 3.10.2018 година и Одлуката на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола за свикување седница на Годишно собрание на акционери НО бр.02-7676/II.1-6  од 22.4.2019 година,



СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА

ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА


Ј А В Е Н   П О В И К


ЗА УЧЕСТВО НА  ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА

 

44. седница на Годишното собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола ќе се одржи во Битола на 29.5.2019 година (среда) со почеток во 12.00 часот, во Винарска визба Лозар, ул. „8-ми Септември“ 2-Б, Горно Оризари, Битола, сала за состаноци I кат, со следниот:


Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

            I     Процедурален дел

 

1.   Отворање на Собранието;

2.   Избор на работни тела;

2.1 Избор на претседавач;

2.2 Избор на двајца бројачи на гласови;

3.   Констатирање кворум за работа на Собранието.


            II. Работен дел

 

1. Разгледување записник од 41. седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка а.д. Битола одржана на 25.4.2018 годинa;


2. Разгледување записник од 42. седница на Собранието на акционери на Стопанска банка а.д. Битола одржана на 3.10.2018 годинa;

3. Разгледување записник од 43. седница на Собранието на акционери на Стопанска банка а.д. Битола одржана на 13.3.2019 година;

4. Годишен извештај за работењето на Стопанска банка а.д. Битола за 2018 година, со прилог,

-    Мислење од Надзорниот одбор на Банката;

-    Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај и Мислењето од Надзорниот одбор;


5. Извештај за работата на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола за 2018 година, со вклучена оцена на работата на членовите на Надзорниот одбор од аспект на поединечните членови и колективно, со прилог,

Предлог-одлука за одобрување на Извештајот;

6. Извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи на Стопанска банка а.д. Битола по годишна сметка за 2018 година со мислење на Друштвото за ревизија „Мур Стивенс  ДОО Скопје“, со прилог

-    Мислење од Надзорниот одбор на Банката;

-    Предлог-одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето од Надзорниот одбор на Банката;

7. Годишна сметка на Стопанска банка а.д Битола за 2018 година, со прилог

-    Предлог-одлука за усвојување на годишната сметка;

8. Предлог-oдлука за употреба и распоредување на остварената добивка по Годишната сметка за 2018 година на Стопанска банка а.д. Битола;

9. Предлог-oдлука за измена и дополнување на Статутот на Стопанска банка а.д. Битола.





Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.

 

Секој акционер кој има намера да учествува на Годишната седница на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество (пријава за учество на Собранието) најдоцна еден час пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.


Пријавите  да се достават во Банката – Сeктор за правни работи и управување со Кабинет на Управен одбор.


Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.


Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот и со Законот за трговските друштва.


Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката писмено или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошна и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.stbbt.mk.


Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и предлог-одлуки по точките од дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.


Барање за вклучување една или повеќе точки во дневниот ред, предлагање одлуки за усвојување се испраќа до органот на управување на друштвото во рок од 8 (осум) дена од испраќањето на јавниот повик  за одржување Собрание на друштвото. Подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.stbbt.mk.


Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик секој работен ден во библиотеката на Банката (трети кат, Централа на Банката), ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр. 21, Битола, како и на интернет-страницата на Банката www.stbbt.mk.



                                                                               Стопанска банка а.д. Битола

ПОДАТОЦИ ЗА АКЦИОНЕРИ 29.5.2019

ПОДАТОЦИ ЗА НОМИНИРАН КАНДИДАТ


ОВЛАСТУВАЊЕ НА ПОЛНОМОШНИК НА АКЦИОНЕР НА СОБРАНИЕ

Акционерите на Банката можат да овластат со полномошно друго физичко или правно лице како свој полномошник на седницата на Собранието.


Полномошното се издава во писмена форма со пополнување на образецот за гласање преку полномошник, кој е достапен за преземање од интернет-страницата на Банката (Полномошно за правни лица, Известување, Полномошно за физички лица, Известување, Пример за полномошно).


Во случај акционерот од која било причина да не може да го преземе образецот за давање полномошно од интернет-страницата на Банката, истиот може да користи и други видови обрасци за давање полномошно во писмена форма.


Акционерите се обврзани веднаш да ја известат Банката за секое полномошно дадено во писмена форма со достава на копија од пополнетиот образец на еден од следните начини:


- по електронски пат на адреса stbbt@stbbt.com.mk кога се доставува копија во скенирана форма.

- по писмен пат на адреса:   

Согласно член 2 став 2 од Правилникот за критериумите за утврдување на заедничко дејствување согласно Законот за преземање на акционерските друштва, секој полномошник, кој ќе биде назначен од страна на акционер да го застапува на Собранието на акционeри на Банката, е должен во рок од 5 работни дена пред одржувањето на Собранието, да достави известување до Комисијата за Хартии од вредност на Република Северна Македонија за намерата и причините за давањето на полномошната,  бројот на акции за кои се дадени полномошната, како и дали истите се со или без инструкции за гласање. Образец за Известувањето е достапен на следниот линк.


СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА

„Добривоје Радосављевиќ“ 21

7000 Битола

Управен одбор

Со назнака „за 44. седница на Годишно собрание на Стопанска банка а.д Битола“.


Банката може да бара утврдување на личниот идентитет на акционерот како услов за уважување на полномошното, односно за верификација на инструкциите за гласање ако такви му се дадени на полномошникот.


Полномошникот е должен при евиденција на своето присуство на седница на Собранието да го предаде полномошното во писмена форма во оригинал и да презентира документ за идентификација  -  лична карта или пасош.


За полномошници на Собранието можат да бидат овластени лица кај кои има конфликт на интерес само под услов ако истите


- претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфиликт на интерес и

- добиле конкретни инструкции за гласање во писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници за секоја предложена одлука за гласање по точките на дневниот ред на седницата на Собранието за која им важи полномошното.


            Банката на својата интернет-страница го објавува идентитетот на назначените полномошници кај кои постои конфликт на интерес, како и причините за постоење конфликт на интерес кај полномошниците.

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА СОБРАНИЕ НА БАНКАТА

Превземи

ВКУПЕН БРОЈ НА АКЦИИ И ВКУПЕН БРОЈ НА ГЛАСАЧКИ ПРАВА

ПРЕДЛАГАЊЕ НА ОДЛУКИ ПО ПРЕДЛОЖЕНИ ТОЧКИ

ВКЛУЧУВАЊЕ НА НОВИ ТОЧКИ ВО ДНЕВНИОТ РЕД

ПРАШАЊА ВО ВРСКА СО ТОЧКИТЕ ОД ДНЕВНИОТ РЕД

РЕЗУЛТАТИ ОД ГЛАСАЊЕ НА СОБРАНИЕТО


ЗАПИСНИК ОД СОБРАНИЕ