Почнувајќи од денес, 02.02.2022 година, сите корисници на Diners Club (DC Classic, DC Acibadem Sistina DC Advantage) и Discover картичките  ќе имаат можност да подигнуваат готовина од сите банкомати на Стопанска банка а.д. Битола.

Широката мрежа на банкомати која ја има банката во целост ќе ја замени функцијата на досегашните ПОС терминали на шалтерите во експозитурите на банката кои досега служеа за подигнување на готовина.

Услугата важи за враќање на подигнатиот износ на рати, а на банкоматите корисниците на домашни Diners Club картички ќе имаат опција да го изберат соодветниот број на рати ( 3,6,9 - до 12 РАТИ ) на кој сакаат да го враќаат подигнатиот износ.

За странски Diners Club и Discover картички подигнувањето на готовина е без можност за избор на број на рати на кој ќе се враќа истиот.

Со оваа нова опција на корисниците на картичките Diners Club и Discover им се овозможува 24 часовен пристап до својата готовина преку банкоматите на Стопанска банка а.д. Битола.