Критериуми
Минимален задолжителен влог: 100,00 евра
Валута: ЕУР
Рок на орочување: 70 месеци
Исплата на камата:  годишно, по 12 месеци од датумот на влогот, односно 12 месеци од претходно исплатена камата
Можност за разорочување:  Предвремено повлекување на депозитот пред истекот на договорениот рок на орочување (предвремено разорочување) е можно со писмено барање на Вложувачот. Во тој случај се врши раскинување на договорот во целост и се наплаќа надомест за предвремено раскинување на влог. На Вложувачот му се пресметува камата со примена на каматна стапка по видување, за периодот од датумот на орочување /преорочување до датумот на повлекување на депозитот.
Надомест за предвремено разорочување:  фиксен износ 1.000,00 денари

Рок на орочување Каматна стапка*
ЕУР 70 месеци 4,50%

* Каматнaтa стапкa е фиксна и е на годишно ниво