Опис на производот |
ИНВЕСТИЦИСКИ ДЕПОЗИТ Е КОМБИНИРАН ПРОИЗВОД КОЈ СЕ СОСТОИ ОД ОРОЧЕН ДЕПОЗИТ ВО БАНКА И КУПЕНИ УДЕЛИ ВО ОТВОРЕНИОТ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНД ГЕНЕРАЛИ ТОП БРЕНДОВИ (во понатамошниот текст Фондот) УПРАВУВАН ОД СТРАНА НА ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС АД СКОПЈЕ |
Минимален задолжителен влог: |
6.000 денари |
Максимален износ: |
10.000 еур во соодветна денарска противвредност |
Валута: |
МКД |
Карактеристики: |
Половина од средствата клиентот ги орочува во банка како депозит, а со другата половина од средствата купува удели во Фондот. Уплатата во фондот се врши исклучиво безготовински. На веќе орочен депозит не се можни дополнителни уплати |
Рок на орочување: |
25 и 36 месеци |
Тип на каматна стапка: |
Фиксна |
Исплата на камата: |
1,3% годишно фиксно на орочениот износ
"Каматната стапка се исплатува годишно, по 12 месеци од датумот на влогот, односно 12 месеци од претходно исплатена камата од страна на банката, додека бонусот на каматата се исплатува од страна на Фондот кон Банката по доспевање на депозитот, при што Банката е должна да ги исплати средствата на инвеститорот.
|
Предвремено раскинување на Договорот: |
Предвремено повлекување на депозитот пред истекот на договорениот рок на орочување (предвремено разорочување) е можно со писмено барање на Вложувачот во Банката или со поднесување на Барање за откуп на удели во Друштвото. Во тој случај се врши раскинување на договорот во целост и се наплаќа надомест за предвремено раскинување на влог (фиксен износ од 1.000,00 МКД) од страна на вложените средства во Банката. На Вложувачот му се пресметува камата со примена на каматна стапка по видување, за периодот од датумот на орочување до датумот на повлекување на депозитот. Во случај на предвремено раскинување на договорот за депозит клиентот не остварува бонус на каматната стапка. |
Надомест за предвремено разорочување: |
фиксен износ 1.000,00 денари |
Доспевање: |
Договорот за депозит со клиентот престанува да важи по истекот на договорениот рок за орочување, по што средствата од орочениот депозит и уплатата во Фондот се исплаќаат на сметка на клиентот во Банката |
|
Рок на орочување |
Каматна стапка* |
МКД |
25 месеци |
3,00% |
МКД |
36 месеци |
3,30% |
* Каматните стапки се на годишно ниво
** Бонус на камата 1,30% годишно фиксно на орочениот износ (се исплатува од страна на Фондот кон Банката по доспевање на депозитот, при што Банката е должна да ги исплати средствата на Инвеститорот)