Доживотно без членарина за сите кредитни картички – Стопанска банка а.д. Битола со посебна промоција во март, месецот на жената

Почнувајќи од 01.03.2022 година до 31.03.2022 година, сите жени кои ќе аплицираат за некоја од кредитните картички во Стопанска банка а.д. Битола промотивно ќе ја добијат поволноста доживотно да бидат ослободени од годишна членарина за истите.

Оваа промоција се однесува на сите жени, веќепостоечки или нови клиентки кои ги исполнуваат условите за добивање на кредитна картичка. Апликацијата за кредитна картичка може да се поднесе во било која од експозитурите на Стопанска банка а.д. Битола низ државата.

Сите останати услови на кредитните картички, согласно изборот на картичка остануваат непроменети. Повеќе детали за истите може да најдете на линковите во прилог. 

MASTERCARD CREDIT

VISA CLASSIC 

VISA GOLD