Master Card Credit e кредитен производ со лимит до 500.000 денари .

Покрај основните функционалности MasterCard Standard  кредитната платежна картичка нуди можност за безконтактно плаќање.

Плаќајте едноставно и брзо, само со доближување на картичката до ПОС терминалот, без внесување на PIN код за трансакции во износ до 2000 денари.

Подигање готовина од сите банки и банкомати во земјата и во странство каде што е истакнат знакот на Mastercard, освен во земјите кои не партиципираат во програмата на Mastercard (ЕMV LIABILITY SHIFT), односно земји оценети со висок степен на ризик. Некои од земјите кои се забранети се: Авганистан, Бангладеш, Белорусија, Боцвана (Јужна Африка), Бразил, Камерун, Централна Африканска Република, Чад, Екваторска Гвинеја, Габон, Конго, Источен Тимор, Индонезија, Камбоџа, Колумбија,  Папуа Нова Гвинеја, Швајцарија, Сиера Леоне (Западна Африка), Сингапур, Тајван (провинција во Кина), Тајланд, Украина, Филипини, Хонг Конг, Шри Ланка (Јужна Азија), Јужна Африка, Малезија, Австралија.


Kредитен производ:

  • можност за користење во трговија без провизија
  • провизија за подигање на готовина на АТМ:
  • АТМ на Банката 2,5% минимум 200 денари
  • АТМ на друга Банка 3% минумум 300 денари
  • годишна членарина 1500 денари (првата година без членарина)
  • без членарина наредната година за промет реализиран во висина на одобрен лимит на кредитна картичка

Фиксна каматна стапка во првата година 7,99%

Променлива каматна стапка по првата година 9,25%

Процентот на минимална месечна наплата на главен долг т.е искористениот износ да зависи од бројот на производи кои што коирсникот ги има во Банката и тоа:

  • 1% месечно од искористената главница ако барателот користи +3 производи во Банката
  • 2% месечно од искористената главница ако барателот користи +2 производи во Банката
  • 3% месечно од искористената главница ако барателот користи +1 производ во Банката
  • 4% месечно од искористената главница ако барателот не користи дополнителен производ во банката

Членарина ќе се наплаќа по првата година на користење, но со ослободување доколку во текот на годината оствари промет во висина на одобрениот кредитен лимит.

Барање за кредитна картичка 

Корисни совети за користење на платежни картички

Губење или кражба на картичка

  • Во случај на губење или кражба на картичката истата можете да ја блокирате во контакт центарот Касис  секој ден во неделата (24/7), на следниот телефонски број + 389 02 3293888