Микрокредит за микробизнис

МИКРОКРЕДИТ
ЗА МАКРОБИЗНИС

Намена: Поддршка на мали претпријатија со до 10 вработени лица, трговци поединци, новоформирани компании кои презентираат кус бизнис план и квалитетно обезбедување и друштва кои ќе обезбедат нови вработувања.Компаниите треба да се во 100% приватна сопственост. Минимум 75% од кредитот да се наменети за основни средства, суровини и репроматеријали а останатите 25% се префрлуваат на сметката на клиентот.


Карактеристики

Износ на кредитот:

300.000 - 600.000 денари

Валута на кредитот:

денари (МКД)

Рок на враќање:

до 24 месеци со вклучени 6 месеци грејс период

Рок на користење:

согласно потребите на клиентот, но не подолго од 5 месеци
Начин на враќање: еднакви месечни ануитети

Услови

Обезбедување:

Согласно Каталогот за обезбедување и политиката на Банката*

Минимално прифатливо обезбедување:

Меница во форма на нотарски акт или солемнизиран договор за кредитна изложеност, со извршни клаузули. кај новоформирани компании соодносот на обезбедување / кредит треба да изнесува најмалку 3:1

Каматни стапки

Каматна стапка:

Согласно Одлуката за политиката на каматни стапки на Банката

Провизија:

Еднократна провизија согласно Тарифата за надоместоци и услуги на Банката (во моментот 0,5% еднократно, миинимум 3.000 денари, максимум 150.000 денари за кредити обезбедени со хипотека над недвижност и залог на подвижни предмети и до 2% еднократно, минимум 3.000 денари за останато обезбедување, освен депозитно обезбедување)

Останати провизии:

2.000 денари манипулативен трошок за одобрено барање