Врз основа на членовите 49 и 50 од Статутот на Стопанска банка а. д. Битола НО бр. 02-469/I-2 од 21.01.2015 година (Пречистен текст) и Одлуката на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола бр. НО 02- 1644/II-1 од ден 27.02.2015 година,
СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
Ј А В Е Н П О В И К
ЗА УЧЕСТВО НА СОБРАНИЕ НА БАНКАТА
XXXVI-то Собрание на Стопанска банка а.д. Битола ќе се одржи во Битола, на ден 25.03.2015 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во просториите на Хотел ,,КАПРИ,, - Битола, сала за состаноци, со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д:
I. Процедурален дел
1. Отварање на Собранието
2. Избор на работни тела
2.1 Избор на претседавач
2.2 Избор на двајца бројачи на гласови
3. Констатирање на кворум за работа на Собранието
II. Работен дел
1. Разгледување на записник од XXXIV-та седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка а.д. Битола одржана на 28.05.2014 година
2. Разгледување на записник од XXXV-та седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка а.д. Битола одржана на 14.01.2015 година
3. Годишен извештај за работењето на Стопанска банка а.д. Битола за 2014 година
-Мислење од Надзорниот одбор на Банката
-Одлука
4. Извештај за работата на Надзорниот одбор на Стопанска Банка а.д. Битола за 2014 година, од аспект на поединечните членови и колективно
-Одлука
5. Извештај за работата на Одборот за ревизија на Стопанска Банка а.д Битола за 2014 година, колективно и од аспект на поединечни членови
-Одлука
6. Годишен извештај за работата на Секторот за внатрешна ревизија за 2014 година
-Мислење од Надзорниот одбор на Банката
-Одлука
7. Извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи на Стопанска банка а.д. Битола по годишна сметка за 2014 година со мислење на ревизорската куќа Grant Thornton
-Мислење од Надзорниот одбор на Банката
-Одлука
8. Годишна сметка на Стопанска банка а.д Битола за 2014 година
-Одлука
9. Деловна политика, развоен и финансиски план на Стопанска банка а.д. Битола за период 2015-2019 година
-Мислење од Надзорен одбор на Банкатa
-Одлука
10. Листата на Нето - должници на Стопанска банка а.д. Битола за 2014 година
-Одлука
11. Одлука за ревидирање на Кодексот за корпоративно управување на Стопанска банка а.д. Битола
12. Одлука за ревидирање на Статутот на Стопанска банка а.д. Битола
13. Одлука за определување на месечна награда и награда за успешно завршена година на членовите на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
14. Oдлука за именување на член на Надзорен одбор
-Мислење од Надзорен одбор на Банката
15. Одлука за определување на надомест на членовите на Одборот за ревизија на Стопанска банка а.д. Битола
16. Одлука за распоред на остварената добивка во 2014 година
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на банката должен е да го пријави своето учество (пријава за учество на Собранието), најдоцна 1 час пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се достават во Банката – Сeктор за правни работи и управување со Кабинет на Управен одбор – Референт за седници.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред согласно Статутот на банката и Законот за трговските друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин согласно Статутот и Законот за трговски друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката писмено или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошна и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет страница на Банката www.stbbt.com.mk.
Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број на акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и предлог одлуки по точките од дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.
Барање за вклучување на една или повеќе точки во дневниот ред, предлагање на одлуки за усвојување се испраќа до органот на управување на друштвото во рок од 8 (осум) дена од испраќањето на јавниот повик за одржување на Собрание на друштвото. За подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет страница на Банката www.stbbt.com.mk.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации согласно Законот за трговски друштва, им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик, секој работен ден во библиотеката на Банката (III-ти кат, Централа на Банката), ул. Добривоје Радосавлевиќ бр. 21, Битола како и на интернет страницата на Банката www.stbbt.com.mk.