Врз основа на член 48 и 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола (Пречистен текст) НО бр.02-3593/1/I-1 од 22.2.2017 година и Одлуката на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола за свикување седница на годишно Собрание на акционери НО бр. 02-7629/1 /I.2-5 од 11.4.2017 година,
СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
Ј А В Е Н П О В И К
ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА
40. Собрание на Стопанска банка а.д. Битола ќе се одржи во Битола, на ден 17.5.2017 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во хотел „Капри“, со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I Процедурален дел
1. Отворање на Собранието;
2. Избор на работни тела;
2.1 Избор на претседавач;
2.2 Избор на двајца бројачи на гласови;
3. Констатирање кворум за работа на Собранието.
II. Работен дел
- 1. Разгледување Записник од 38. седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка а.д. Битола одржана на 11.5.2016 година;
- 2. Разгледување Записник од 39. седница на Собранието на акционерите на Стопанска банка а.д. Битола одржана на 22.2.2017 година;
- 3. Одлука за измена и дополнување на Деловникот за работа на Собранието на акционери на Стопанска банка а.д. Битола, со прилог
- Деловник за работа на Собранието на акционери на Стопанска банка а.д. Битола (пречистен текст);
- 4. Одлука за измена и дополнување на Статутот на Стопанска банка а.д. Битола;
- 5. Годишен извештај за работењето на Стопанска банка а.д. Битола за 2016 година, со прилог
- Мислење од Надзорниот одбор на Банката;
- Одлука за усвојување на Годишниот извештај и Мислењето од Надзорниот одбор;
- 6. Извештај за работата на Надзорниот одбор на Стопанска Банка а.д. Битола за 2016 година, од аспект на поединечните членови и колективно, со прилог
- Одлука за одобрување на Извештајот;
- 7. Извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи на Стопанска банка а.д. Битола по годишна сметка за 2016 година со мислење на Друштвото за ревизија „ГРАНТ ТОРНТОН ДОО Скопје“, со прилог
- Мислење од Надзорниот одбор на Банката;
- Одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето од Надзорниот одбор на Банката;
- 8. Годишна сметка на Стопанска банка а.д Битола за 2016 година, со прилог
- Одлука за усвојување на годишната сметка;
- 9. Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по Годишната сметка за 2016 година на Стопанска банка а.д. Битола.
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество (пријава за учество на Собранието) најдоцна 1 час пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се достават во Банката – Сeктор за правни работи и управување со Кабинет на Управен одбор.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот и со Законот за трговски друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката писмено или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошна и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.stbbt.mk.
Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и предлог-одлуки по точките од дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.
Барање за вклучување една или повеќе точки во дневниот ред, предлагање одлуки за усвојување се испраќа до органот на управување на друштвото во рок од 8 (осум) дена од испраќањето на јавниот повик за одржување Собрание на друштвото. Подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.stbbt.mk.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик секој работен ден во библиотеката на Банката (трети кат, Централа на Банката), ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр. 21, Битола, како и на интернет-страницата на Банката www.stbbt.mk.
Стопанска банка а.д. Битола