Врз основа на член 48 и 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола (пречистен текст) СО бр.02-978/1/II-9 од 29.5.2019 година и Одлуката на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола за свикување 45. седница на Собрание на акционери НО бр. 02-16809/1/I.1-1 од 1.10.2019 година,
СТОПАНСКА БАНКА а.д. БИТОЛА
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
Ј А В Е Н П О В И К
ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА
45. седница на Собранието на акционери на Стопанска банка а.д. Битола ќе се одржи во Битола на 27.11.2019 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола, ул. „Добривое Радосавлевиќ“ бр. 21, сала за состаноци на III кат, со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I Процедурален дел
1. Отворање на Собранието;
2. Избор на работни тела;
2.1 Избор на претседавач;
2.2 Избор на двајца бројачи на гласови;
3. Констатирање кворум за работа на Собранието.
II. Работен дел
1. Предлог-одлука за именување член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола со прилог
- Мислење на Надзорниот одбор кон Одлуката за именување член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола.
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество (пријава за учество на Собранието) најдоцна еден час пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се достават во Банката – Сeктор за правни работи и управување со Кабинет на Управен одбор.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се врши на начин во согласност со Статутот и со Законот за трговските друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката писмено или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошна и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.stbbt.mk.
Акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број акции со право на глас имаат право да достават предлог за дополнување на дневниот ред и предлог-одлуки по точките од дневниот ред ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.
Барање за вклучување една или повеќе точки во дневниот ред, предлагање одлуки за усвојување се испраќа до органот на управување на друштвото во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен Јавниот повик за одржување на седницата на Собранието на акционери на Банката. Подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања може да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката www.stbbt.mk.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации во согласност со Законот за трговските друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик секој работен ден во просториите на Стопанска банка а.д. Битола (трети кат, Централа на Банката), ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21, Битола, како и на интернет-страницата на Банката www.stbbt.mk.
Стопанска банка а.д. Битола