Детското штедење е долгорочен депозитен продукт за физички лица и е наменет за деца до 18 годишна возраст. Поради тоа, како законски застапник мора да се јави најмалку еден од родителите, што се докажува со Извод од матична книга на родени.
Производот е наменет за деца од нивно раѓање, па се до полнолетство. Секое семејство е потенцијален корисник на продуктот ако се земе во предвид дека подарок за роденден или некоја пригода би можело да биде детска книшка со штеден влог.
Минимален износ на влог: 50,00 еур
Минимален износ на дополнителен влог: 20,00 еур
Начин на пресметка на каматата: Каматните стапки се годишни, фиксни и променливи. Пресметката на променливите каматни стапки се врши со 1М Еурибор кој се менува полугодишно, односно на 30.6 и 31.12 минус „+“ зададената маргина. Доколку референтната каматна стапка има негативна вредност, во пресметката на номинална каматна стапка ќе се зема со вредност 0. Пресметка на камата се врши на месечно ниво.
Начин на исплата на каматата: 1/ месечна исплата на камата 2/ исплата на каматата на крај на периодот (капитализација на каматата)
Начин на реорочување: Доколку клиентот не се изјасни дека сака да го подигне депонираниот износ на средства, најдоцна 7 (седум) дена од датумот на доспевање на депозитот, средствата ќе бидат реорочени согласно важечките услови на Банката во моментот на реорочувањето.
Политика на предвремено разорочување: "Во случај на предвремено разорочување на средствата за периодот од моментот на орочување / реорочување до моментот на предвремено разорочување (раскинување на договорот за депозитот) Банката ќе пресмета и исплати камата по видување.
Надомест за предвремено разорочување: фиксен износ од 1.000,00 ден
Рок на орочување |
Орочени на 12 месеци |
Орочени на 13 месеци |
Орочени на 24 месеци |
Орочени на 25 месеци |
Орочени на 36 месеци |
Валута / Тип на каматна стапка |
фиксна |
фиксна |
фиксна |
фиксна |
фиксна |
Шифра на производ за ЕУР |
|
|
|
|
|
ЕУР |
1.40% |
/ |
/ |
2.20% |
2.50% |
Каматните стапки се имплементирани во важечката Одлука за каматни стапки на Банката за сите валути. Каматата се пресметува во валутата во која е изразен депозитот.