ИНКАСО РАБОТЕЊЕ
Инкасото е инструмент кој се користи во меѓународното трговско работење и претставува плаќање, односно наплата на одреден износ на средства преку банка врз база на презентација на одредена документација. Во инкасо работењето Банката се јавува во улога на посредник.
Паралелно со испораката на стоката извозникот ги предава документите во својата банка која истите ги проследува до банката на увозникот проследени со стриктни инструкции за плаќање. Банката на увозникот ги предава документите на увозникот, а со тоа и сопственоста над стоката во моментот кога истите ги наплаќа од самиот увозник, врши плаќање кон банката на извозникот во согласност со добиените инструкции и целиот финансиски циклус се затвора.
Банката врши испраќање на документи на наплата – ностро инкасо и прифаќање на документи за плаќање – лоро инкасо.
При инкасо работењето документите може да бидат финансиски документи (фактура, меница, чек) или пак комерцијални документи (транспортни документи, документи за осигурување, различни сертификати и сл.), но најчесто нивна комбинација.
што е потребно за инкасо работење
Да имате отворено денарска и девизна сметка во Стопанска банка а.д. Битола.
ПРОВИЗИИ И ТРОШОЦИ
Провизијата за инкасо е согласно Тарифата за надоместоци на Стопанска Банка а.д. Битола
почнувајќи од 0,26%, од износот на наплата минимум 500,00 МКД.