Кредит за финансирање и рефинансирање на обврски

Кредит
за финансирање и
рефинансирање на обврски

Намена: Финансирање на обврски во корелација од тековно работење а кои се во интерес на подобрување на работењето и со кои се стекнува подобра пазарна позиција. Кредитот може да се користи и за рефинансирање на деловни обврски на други правни лица-партнери со цел индиректно добивање на бенефит или подобри услови за стопанисување на пазарот кои во крајна линија ќе придонесе за поголема ликвидност на клиентот, усогласување на рочна структура на обврските и средствата и други поволности кои значат подобрување на бонитетот на клиентот.


Карактеристики

Износ на кредитот:

Според кредитоспособноста на барателот на кредитот и износот на кредити во други банки

Валута на кредитот:

денари (МКД), денарски кредити со девизна клаузула и девизни кредити

Рок на враќање:

до 10 години со можност за вклучен грејс период

Начин на враќање:

еднакви месечни, тромесечни или полугодишни ануитети, а во исклучителни случаи и годишни ануитети

Услови

Обезбедување:

Согласно Каталогот за обезбедување и политиката на Банката*

Минимално прифатливо обезбедување:

Хипотека над недвижност и/или залог над подвижни предмети и нотарска меница или солемнизиран договор за кредитна изложеност, со извршни клаузули

Каматни стапки

Каматна стапка:

Согласно Одлуката за политиката на каматни стапки на Банката

Провизија:

Еднократна провизија согласно Тарифата за надоместоци и услуги на Банката (во моментот 0,5% еднократно + 1% од искористениот износ на кредитот, минимум 3.000 денари, максимум 180.000 денари за денарски кредити и 1,5% еднократно минимум 3.000 денари, максимум 500.000 денари за девизни кредити обезбедени со хипотека над недвижност и залог на подвижни предмети и до 2% еднократно, минимум 3.000 денари за останато обезбедување, освен депозитно обезбедување)

Провизија за превремено враќање на кредитот:

За уплати до 20% од салдото на главнината, на денот на уплатата, не се пресметува провизија за предвремена враќање на кредитот, за уплата над 20% од салдото на главнината провизијата е 3% од предвремено вратениот износ

Останати провизии:

2.000 денари манипулативен трошок за одобрено барање

Валута на кредитот:

Доколку станува збор за девизни кредити или денарски кредити со девизна клаузула реализацијата и наплатата на кредитот се вршат согласно Одлуката за политика на каматни стапки на Банката