Кредит за рефинансирање на изложености во други банки

Кредит
за рефинансирање
на изложености
во други банки

Намена: Рефинансирање на кредитни изложености од други банки со цел добивање на подобри услови за кредитирање како подобра каматна стапка, подолг рок на отплата на изложеноста, поповолен начин на отплата на изложеноста трајни обртни средства потребни за стабилно работење, зголемување на прометот и добивката од работењето. Дел од кредитот може да се намени и за обртни средства.


Карактеристики

Износ на кредитот:

Според кредитоспособноста на барателот на кредитот и износот на кредити во други банки

Валута на кредитот:

денари (МКД), денарски кредити со девизна клаузула и девизни кредити

Рок на враќање:

до 10 години со можност за вклучен грејс период

Начин на враќање:

еднакви месечни, тромесечни или полугодишни ануитети, а во исклучителни случаи и годишни ануитети

Услови

Обезбедување:

Согласно Каталогот за обезбедување и политиката на Банката*

Минимално прифатливо обезбедување:

Хипотека над недвижност и/или залог над подвижни предмети и нотарска меница или солемнизиран договор за кредитна изложеност, со извршни клаузули

Каматни стапки

Каматна стапка:

Согласно Одлуката за политиката на каматни стапки на Банката

Провизија:

Без провизија

Провизија за превремено враќање на кредитот:

За уплати до 20% од салдото на главнината, на денот на уплатата, не се пресметува провизија за предвремена враќање на кредитот, за уплата над 20% од салдото на главнината провизијата е 3% од предвремено вратениот износ

Останати провизии:

2.000 денари манипулативен трошок за одобрено барање

Валута на кредитот:

Доколку станува збор за девизни кредити или денарски кредити со девизна клаузула реализацијата и наплатата на кредитот се вршат согласно Одлуката за политика на каматни стапки на Банката