Мисија на Банката е да се позиционира меѓу најуспешните средни банки во Република Македонија, обезбедувајќи висока стапка на поврат на средствата на акционерите и континуирана профитабилност, како резултат на стекнатата доверба и раст на базата на депоненти, креирањето и одржувањето на долгорочни врски со клиентите преку квалитет на производите и брзина на услугата, сигурноста на работните места и поддршката на пошироката општествена заедница.
Цели
Придржување кон сите етички норми и заштита на интересите на нашите депоненти, обезбедување сигурност на нивните вложувања, како и соодветен принос.
Градење на врски со нашите клиенти врз основа на взаемна доверба и соработка и создавање на долгорочни партнерства преку препознавање и финансирање на профитабилни бизнис проекти, но и вложување на знаење и компетенции за развој на бизнисот на клиентот.
Ориентираност кон потребите на граѓаните, постигнување задоволство и сатисфакција од квалитетот и нивото на банкарската услуга, зголемување на клиентската база, проширување на пазарот низ целата држава, истовремено задржувајќи го доминантното учество во Пелагонискиот регион.
Максимизирање на вредноста на Банката, оплодување на вложените средства на акционерите, и обезбедување на солиден поврат на нивните инвестиции.
Обезбедување на долгорочна сигурност и стабилно работно место за нашите вработени кои претставуваат спој на кадар со акумулирано искуство и на млада сила што со својот ентузијазм, енергија и потенцијал придонесува за брзина, флексибилност и иновативност што резултира со подобрување на перформансите.
Реализирање на банкарските работи на фер и правден начин обезбедувајќи општествена корист и поддршка на заедницата, како и делување во насока на остварување повисоки заеднички и општествени цели.