Врз основа на член 48 и член 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, СО бр. 02-6487/1/II-7 oд 4.5.2023 година (пречистен текст) и Одлуката на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола за свикување на 51. седница на Собранието на акционери, НО бр. 02-13307/1/II.1-28 од 26.9.2023 година,
СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
Ј А В Е Н П О В И К
ЗА УЧЕСТВО НА СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА
51.седница на Собранието на акционери на Стопанска банка а.д. Битола ќе се одржи во Битола на 30.10.2023 година (понеделник) со почеток во 12.00 часот, во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола, ул. „Добривоје Радосављевиќ“ бр.21, сала за состаноци на III кат, со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I. Процедурален дел
1. Отворање на Собранието
2. Избор на работни тела
2.1. Избор на претседавач
2.2 Избор на двајца бројачи на гласови
3. Констатирање кворум за работа на Собранието
II. Работен дел
- Разгледување на записникот од 50. седница на Годишно собрание на акционери, одржана на 4.5.2023 година
- Информација за поднесена оставка од независен член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола
- Предлог-одлука за именување член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, со прилог:
3.1. Мислење на Надзорниот одбор на Банката кон предлог-одлуката
4. Предлог-одлука за измена и дополнување на Статутот на Стопанска банка а.д. Битола.
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер што има намера да учествува на седница на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество (пријава за учество на Собранието) најдоцна еден час пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се достават во Банката – Сeктор за правни работи и управување со Кабинетот на Управниот одбор.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговски друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се одвива во согласност со Статутот и со Законот за трговски друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката писмено или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштва и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.stbbt.mk.
Во согласност со Законот за трговски друштва, aкционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.
Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања до органот на управување на друштвото во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен Јавниот повик за одржување на седницата на Собранието на акционери на Банката, односно најдоцна до 5.10.2023 година до 16:00 часот.
Подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката: www.stbbt.mk.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации во согласност со Законот за трговски друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик секој работен ден во просториите на Стопанска банка а.д. Битола (трети кат, Централа на Банката), ул. „Добривоје Радосављевиќ“ бр. 21, Битола, како и на интернет-страницата на Банката www.stbbt.mk.
Стопанска банка а.д. Битола