Врз основа на член 48 и член 49 од Статутот на Стопанска банка а.д. Битола, СО бр. 02-8051/1/II-4 oд 3.7.2024 година (пречистен текст), и Одлуката на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола за свикување седница на Годишно собрание на акционери, НО бр.02-4817/1/II.1-2 од 16.4.2025 година:
СТОПАНСКА БАНКА А.Д. БИТОЛА
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА БАНКАТА ОБЈАВУВА
Ј А В Е Н П О В И К
ЗА УЧЕСТВО НА ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА БАНКАТА
54. седница на Годишното собрание на акционери на Стопанска банка а.д. Битола ќе се одржи во Битола на 21.5.2025 година (среда) со почеток во 12:00 часот, во седиштето на Стопанска банка а.д. Битола, ул. „Добривоје Радосавлевиќ“ бр. 21, сала за состаноци на III кат, со следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
I. Процедурален дел
1. Отворање на Собранието
2. Избор на работни тела
2.1. Избор на претседавач
2.2 Избор на двајца бројачи на гласови
3. Констатирање кворум за работа на Собранието
II. Работен дел
1. Разгледување на записникот од 53. седница на Собранието на акционери, одржана на 3.7.2024 година
2. Годишен извештај за работењето на Стопанска банка а.д. Битола за 2024 година, со прилози:
- Мислење од Надзорниот одбор на Банката
- Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Стопанска банка а.д. Битола за 2024 година и Мислењето од Надзорниот одбор
3. Извештај за извршената ревизија на финансиските извештаи на Стопанска банка а.д. Битола за 2024 година со мислење од Друштвото за ревизија „Мур Стивенс“ ДОО Скопје, со прилози:
- Мислење од Надзорниот одбор на Банката
- Предлог-одлука за усвојување на Извештајот и Мислењето од Надзорниот одбор на Банката
4. Извештај за работата на Надзорниот одбор на Стопанска Банка а.д. Битола за 2024 година со вклучена оцена од аспект на поединечните членови и колективно, со прилог:
- Предлог-одлука за усвојување на Извештајот
5. Годишна сметка на Стопанска банка а.д. Битола за 2024 година со прилог:
- Предлог-oдлука за усвојување на годишната сметка на Стопанска банка а.д. Битола за 2024 година
6. Предлог-одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2024 година на Стопанска Банка а.д. Битола
7. Предлог-одлука за избор на друштво за ревизија на Стопанска банка а.д. Битола
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акционер што има намера да учествува на Собранието на акционерите на Банката е должен да го пријави своето учество (пријава за учество на Собранието) најдоцна до пред почетокот на седницата на закажаното Собрание (контакт телефон 02/3087276 и 047/207507) или на електронска адреса kabinet@stbbt.com.mk.
Пријавите да се достават во Банката до Дирекција за управување со Кабинетот на Управниот одбор.
Собранието ќе одлучува само за прашањата кои се уредно ставени на дневниот ред во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговски друштва.
Гласањето по точките од дневниот ред ќе се одвива во согласност со Статутот и со Законот за трговски друштва.
Секој акционер може да овласти свој полномошник со писмено полномошно, за што е должен да ја извести Банката писмено или електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномоштва и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната интернет-страница на Банката www.stbbt.mk.
Во согласност со Законот за трговски друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5 % од вкупниот број акции со право на глас, можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка за дополнување на дневниот ред или ако предложат одлука по предложената точка.
Акционерите можат да достават предлози за вклучување нови точки во дневниот ред, предлози на одлуки и прашања до органот на управување на друштвото во рок од 8 (осум) дена од денот кога е објавен Јавниот повик за одржување на седницата на Собранието на акционери на Банката, односно најдоцна до 24.4.2025 година до 16:00 часот. Подетални информации за постапката за доставување предлози и прашања можат да се најдат на официјалната интернет-страница на Банката: www.stbbt.mk.
Материјалите за Собранието на Банката и дополнителни информации во согласност со Законот за трговски друштва им се достапни на акционерите од денот на објавувањето на овој повик секој работен ден во просториите на Стопанска банка а.д. Битола (трети кат, Централа на Банката), ул. „Добривоје Радосављевиќ“ бр. 21, Битола, како и на интернет-страницата на Банката www.stbbt.mk.
Стопанска банка а.д. Битола