Мобилно Банкарство

Bank2GO - Мобилна апликација на Стопанска банка а.д. Битола


Мобилната апликација Bank2GO на Стопанска банка а.д. Битола е достапна за сите корисници на Android и iOS. 

Оваа апликација на корисниците им овозможува нивниот мобилен уред да биде нивната подвижна, виртуелна експозитура преку која на едноставен, брз и безбеден начин имаат пристап до информациите поврзани со сите нивни сметки, состојбата и расположливите средства и воедно може да вршат плаќања во секој момент од било кое место.

Апликацијата е лесна за употреба нуди преглед на сите кредити, депозити, кредитни и дебитни картички, на прометот извршен во периодот и на извршените налози. Покрај тоа преку оваа апликација корисниците добиваат известување за направените трансакции и одливи од трансакциската сметка и имаат можност да користат готови шаблони за брзо плаќање кои сами ги креираат.

Останатите функционалности на апликацијата вклучуваат калкулатори за пресметка на кредитните и депозитните производи на Банката, локатор на експозитури и банкомати, увид во работното време на експозитурите, нивните контакт податоци како и детални информации за сите производи и услуги на Банката.  


BANK2GO на клиентите е достапна за користење на 3 јазици: македонски, албански и англиски. Оваа апликација може да ја користат и оние кои не се регистрирани како корисници на мобилното банкарство во Стопанска банка а.д. Битола, но во тој случај ќе имаат пристап единствено до јавно достапните информации за производите и услугите на Банката. 

Следејќи ги потребите на своите клиенти Стопанска банка а.д. Битола со воведување на мобилната апликација Bank2GO на своите корисници им нуди ново, софистицирано дигитално искуство и им нуди можност за лесна контрола и едноставно и безбедно управување со услугите кои ги користат.