Банката отвора мултивалутна сметка на резиденти и нерезиденти физички лица врз основа на поднесено писмено “Барање за отварање на платежна сметка”, „Апликација/Барање за регистрација на клиент”, негова важечка патна исправа, како и негова писмена “Изјава” дека е запознат со позитивните прописи во земјата по што истиот се идентификува како нерезидент.
Мултивалутна сметка е платежна сметка којашто може да биде отворена во повеќе валути, преку која се вршат наплати и плаќања со резиденти и нерезиденти, плаќања во земјата и во странство, пренос на средства од/на денарски и девизен влог, од/на денарски и девизен депозит, како и уплати и исплати во ефективни домашни и странски пари.
Сопственикот на платежна сметка може да му даде овластување на друго полнолетно лице кое ќе располага со средствата од неговата платежна сметка.
На сопственикот на платежна сметка Банката му издава потписна картичка со којашто сопственикот може да врши готовински уплати и исплати на шалтерите на Банката.
Информација за состојбата на платежна сметка и нејзините промени сопственикот може да добие бесплатно:
Банката на своите клиенти им ја нуди опцијата за плаќање со траен налог на редовните месечни трошоци, на обврските по кредит, пренос на средства на други платежни сметки во Банката, како и пренос на средства на платежна сметка во други Банки.
ТРАЕН НАЛОГ
На позитивното салдо на платежната сметка, Банката исплатува камата по видување во согласност со Одуката за политиката на каматни стапки на Банката