Пакет за администрација

ПАКЕТ ЗА ВРАБОТЕНИ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА

-  Денарски ненаменски потрошувачки кредит со ризико осигурување - до 1.500.000,00 ден

-  Кредитна картичка - Visa/MasterCard Standard - до 3 (три) плати

-  Дозволено пречекорување по трансакциска сметка + специјален лимит на MasterCard Debit - до 5 (пет) плати

-  Електронско банкарство / Мобилно банкарство - Bank2Go

-  СМС Известување

Карактеристики

Пакетот се состои од  кредит, кредитна картичка, дозволен лимит по ТРС, специјален лимит поврзан со МастерДебит, СМС известување и електронско банкарство

Наведените услови важат единствено доколку се искористат сите наведени производи од пакетот

Намена:

1/ненаменски - средствата се префрлуваат на ТРС на корисникот

2/наменски - средствата се користат за затварање на постоечки обврски во банката или други банки (30% од износот може да се искористи ненаменски)

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС: 

до 1.500.000,00 МКД кредит

  • Кредитна картичка Visa/Mastercard standard согласно кредитна способност на барателот, лимит  до 3(три) месечни плати најмногу до 500.000,00 денари
  • Дозволено пречекорување по ТРС + специјален лимит на Mastercard debit - до 5 месечни плати од кои:  лимит во висина од 3 месечни плати кои што корисникот на картичката ќе може да ги користи на ПОС и АТМ, без провизија и  специјален лимит во висина од 2 месечни плати кои што корисникот на картичката може да ги користи исклучиво за подигање

РОК НА ВРАЌАЊЕ

до 120 месеци

 

Трошок за аплицирање на кредит - 700,00 МКД

Провизија за одобрен кредит:

2% - за ненаменски кредити

1% - за рефинансирање во банката

0% - за рефинансирање во други банки

     Кредитна картичка Mastercard standard:

    • Минимален месечен износ за плаќање - 1% од вкупната вредност на направените трансакции + 100% од сите надоместоци, провизии, редовни и затезни камати - Mastercard standard, односно 5% од вкупната вредност на направените трансакции + пресметана камата за картички од брендот Visa

    Дозволено пречекорување на ТРС - Mastercard debit - Провизија за подигање на рати на шалтер

    • 4,5% од износот на трансакцијата за подигање на 3 рати
    • 4,9% од износот на трансакцијата за подигање на 6 и 9 рати
    • 7,5% од износот на трансакцијата за подигање на 12 рати
    • 2% од износот од трансакцијата за подигање на готовина на повеќе од 12 рати

    Услови

    • кредитоспособност од 60% рата/плата
    • старосна граница - максимум 64 години на денот на достасување на кредитот

    ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ :

    - до 750.000,00 ден меница и менична изјава** и административна забрана на плата*

    - од 750.000,00 ден.  до 1.200.000,00 ден. административна забрана и задолжителна солемнизација на договор за кредит со вклучени извршни клаузули

    - над 1.200.001,00 ден административна забрана, задолжителна солемнизација на договор за кредит со вклучени извршни клаузули. Доколку корисникот  нема имот на свое име, задолжително вклучување на гарант платец со имот

    - Опционално: Ризико полиса издадена од Кроација осигурување АД- Друштво за осигурување на живот или од Триглав осигурување живот АД Скопје винкулирана во корист на СТББТ со рок на важност еднаков со рокот на отплата на кредитот



    * Доколку политиката на работодавачот е да не заверува административна забрана тогаш и за износи до 750.000,00 ден потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули, а за износи над 750.001,00 ден потребна е задолжителна солемнизација  на договорот со вклучени извршни клаузули и гарант платец.

    ** Се  укинува меницата како инструмент за обезбедување во случаите каде што како обезбедување служи солемнизација на Договорот за кредит/кредитна картичка/дозволено пречекорување  на нотар. 

    Каматни стапки

    Задолжително префрлување на личниот доход преку Банката. За лица кои не ја примаат платата преку СТББТ, а сакаат да аплицираат за овој продукт мора да достават изјава дека платата ќе ја префрлат преку Банката во рок од 45 дена од датумот на Договорот за кредит. Доколку Банката констатира дека не е испочитувана Изјавата за префрлување на плата во предвидениот рок кредитот може да се прогласи за доспеан, да се направи Анекс кон истиот или да се префрли со највисока важечка каматна стапка за денарски кредити за физички лица, согласно Одлуката за каматни стапки на Банката

    Каматна стапка:   

     СО РИЗИКО ПОЛИСА

     фиксна годишна каматна стапка

    во првите две години

      5,70%   

      Променлива каматна стапка по втората година

      референтна каматна стапка за пресметување на  

      стапката на казнена камата + 3,35 п.п.

    БЕЗ РИЗИКО ПОЛИСА

    фиксна годишна каматна стапка

    во првите две години

    5,90%

      Променлива каматна стапка по втората година

      референтна каматна стапка за пресметување

      на стапката на казнена камата +3,75 п.п.


    *6,75% СВТ за износ на кредит од 1.500.000 МКД, каматна стапка 5,50% фиксна за првите две  години и променлива каматна стапка  за остатокот на периодот, рок на отплата 120 месеци

     *Врз висината на СВТ влијае износот и рокот на враќање на кредитот, висината на номиналната каматна стапка и износот на сите трошоци за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ 

    Останато

    Целна група:  Вработени во јавна администрација*

    *Под поимот „Јавна администрација“ се подразбираат сите државни институции и државни претпријатија, односно институции кои се во доминантна сопственост на државата и се финансираат од буџет.