Платен промет со странство

Девизна сметка за вршење на платниот промет може да отворат правни лица резиденти и нерезиденти во централата и сите експозитури на банката без никакви трошоци.

ДОМАШНО ПРАВНО ЛИЦЕ - РЕЗИДЕНТ


За отворање на девизна сметка на правно лице потребна е следната документација:

  • Решение или тековна состојба од трговскиот регистер (оргинал, или фотокопија заверена на нотар) не постара од 3 месеци. Банката задолжително задржува фотокопија од презентираната документација.
  • Оригинал или копија заверена на нотар од ЗП Образец за заверен потпис на законскиот застапник на правното лице (управител, директор, претседател)
  • Копии од важечки биометриски лични карти на законскиот застапник и потписниците на средствата или копија од биометриски пасош.
  • Договор за отворање на девизна сметка во 2 примероци- го обезбедува банката,
  • Картон за овластени потписници, се потпишува во банката.
  • Барање за отворање на сметка – го обезбедува банката
  • Апликација за идентификација/ажурирање на клиент правно лице со пополнети сите ,задолжителни податоци вклучувајки го и вистинскиот сопственик - во оригинал, со потпис од законскиот застапник.
  • FATCA -Прашалник за клиенти правни лица

 Обрасци во електронска форма за симнување

СТРАНСКО ПРАВНО ЛИЦЕ - НЕРЕЗИДЕНТ

Потребна документација за отворање на платежна сметка на нерезиденти правни лица

(Законскиот застапник / Крајниот сопственик мора физички да бидат присутни во Банката при воспоставување на деловен однос со Банката)

Во согласност со законската и интерната регулатива за отворање на трансакциска сметка на нерезидент правно лице потребна е следната документација:

  • За правното лице - извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот не постар од три месеци, од кој може да се утврди датумот на неговото основање, називот, адресата, седиштето, законскиот застапник, дејноста којашто ја врши, вистинскиот сопственик;
  • За клиенти кои имаат краен сопственик утврден врз основа на акции на доносител, документ за утврдување на сопственоста на акциите на доносител, односно потврда од регистрациониот агент или друга документација за утврдување на сопственоста на акциите на доносител важечка во земјата од каде доаѓа клиентот;
  • Документација за сите посредни субјекти до утврдување на вистинскиот сопственик физичко лице.
  • Доколку се работи за директна инвестиција а вистинскиот сопственик е резидент доказ од Централниот регистар на директни инвестиции на резиденти во странство.
  • Последен финансиски извештај
  • Останата документација по барање на Банката
  • Документ каде е евидентирана најнова состојба на сопственичка структура и вкупен број на акции (не постар од 3 месеци).
  • За управителот, крајниот сопственик и овластените потписници важечки документ за идентификација
  • Доколку управителот, или вистинскиот сопственик на правното лице е  носител на јавна функција: потребно е да се обезбеди документација  за утврдување на изворот на средствата и изворот на имот на носителот.
  • Прашалници за целта и намерата за воспоставување на деловен однос

Документацијата доставена од нерезидентот за идентификација при отворање на сметката се  доставува во оригинал или во фотокопија заверена од овластено лице (нотар) со превод на македонски јазик на оригиналната регистрација и другите документи, заверени од овластен преведувач. Банката задолжително задржува копија од доставената документација.

Нерезидентот – правно лице ги пополнува, потпишува и заверува следните обрасци, обезбедени од Банката:

  • Барање за отворање на платежна сметка;
  • Апликација за идентификација/ажурирање на клиент правно лице со пополнети сите задолжителни податоци вклучувајки го и вистинскиот сопственик - во оригинал, со потпис од законскиот застапник,  
  • Апликација за идентификација/ажурирање на клиент физичко лице  и изјавата за јавна функција, Изјава за вистински сопственик заверена на нотар (нотарска заверка на изјавата за вистински сопственик ќе се бара за правните лица чии основачи се нерезиденти);
  • Потврда за прием на известување за заштита на приватноста на клиентите на Стопанска банка а.д. Битола
  • Картон за овластени потписи;
  • Овластување за потписниците;
  • Рамковен договор за платежни услуги за правни лица нерезиденти;
  • Изјава за начинот на извршување на налозите за плаќање.

Обрасци во електронска форма за симнување

    Термински план за платен промет со странство*

       Дознаки во странство 

    1 Прием на налози и придружна документација од понеделник до петок од 08.30 - 16.30
    2 Налози со комплетна документација и обезбедени средства примени од Службата за тргување документарно работење и платен промет со странство до 11.00 часот со дата на валута тековен ден Т+0
    3 Налози со комплетна документација и обезбедени средства примени од Службата за тргување документарно работење и платен промет со странство после 11.00 часот со дата на валута следен работен ден Т+1

       * терминскиот план претрпува измени за датуми кои се неработни денови во земјите на кореспондентските банки. Датата на реализација е прв работен ден во земјата на кореспондентската банка. 

    Служба за тргување, документарно работење и платен промет со странство

    Контакт: 047-207-670, 047-207-541, 047-207-633, 047-207-645, 047-207-542

    За добивање на девизни приливи  од странство, на испраќачот треба да му се обезбедат следните податоци:

    • Назив на фирмата и адреса
    • IBAN број на трансакциската сметка отворена во банката
    • Податоци за Стопанска банка а.д.Битола:
      STOPANSKA BANKA a.d.BITOLA

    Dobrivoje Radosavljevik 21 1000, Bitola, R.Macedonia
    SWIFT Cod. STBBMK22

    • За пристигнатата наплата од нерезидент, Банката го известува корисникот на приливот истиот, најдоцна наредниот работен ден.
    • Корисникот на наплатата должен да достави до Банката образец 743, пополнет во делот II, како и соодветна докумантација, во рок од 5 (пет) работни дена од приемот на известувањето.
    • По комплетирањето на документацијата Банката истиот најдоцна наредниот работен ден ја одобрува девизната сметка на корисникот на наплатата.

    Странско правно лице  – нерезидент, може да прими средства од странство во неограничен износ на средства.

    За вршење на  плаќање во странство, потребно е да се достават следниве податоци:

    • Име и презиме на лицето или назив на фирмата корисник на плаќањето и адреса
    • IBAN бројот т.е. бројот на сметката
    • Името на Банката на корисникот на средствата и нејзината адреса
    • SWIFT Cod на Банката
    • Соодветено на основот на плаќањето, документ за потврда на истиот

    Правното лице кое врши плаќање на нерезидент со дознака потребно е до Банката да достави уредна  документација.

    Банката ќе го изврши  налогот за плаќање 1450 во најкус можен рок.

    Кај странските правни лица – нерезиденти, трансфер на средства во странство и подигање ефективни девизни средства се врши без ограничувања