Управен одбор

Владимир Ефтимоски

Претседател на Управниот одбор

Господин Владимир Ефтимоски е на позицијата Претседател на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола од Јануари 2013 година. По неговото дипломирање на Електротехнички факултет во Скопје во декември 1998  година се стекнува со диплома инженер по компјутерски науки. Во февруари 1999 година започнал да работи во ТЦ Зираат Банка во Скопје како систем инженер и од 08.1999 година до 09. 2001 година работел како самостоен систем инженер во Инвест банка АД Скопје во Скопје. За периодот од 8 години додека работел во Инвест банка АД Скопје тој работи на следните позиции: во периодот од 2001 до 2005 година како Директор на Сектор за платен промет во земјата, во периодот од 2005 до 2008 година како Директор на Сектор за платни системи, и од 2008 до 04.2009 година како Директор на Деловен центар за платни системи, и ИТ.

Во 2008 година се стекнува со диплома магистер по монетарна економија на Економски факултет во Скопје.

Во периодот од 04.2009 година до 04.2012 година господин Владимир Ефтимоски работи во Шпаркасе банка Македонија АД  Скопје како член на УО. Почнувајќи од 04.2012-01.2013 година работи во Стопанска банка а.д. Битола  како советник на УО, а од јануари 2013 година како Претседател на УО, на која позиција е и во моментот. Од 04. 2015 година тој е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија. Освен тоа членува и во Одборот на директори и во академскиот совет на Академијата за банкарство и информатичка технологија  - АБИТ.

Во 2015 година д-р Владимир Ефтимоски беше избран за најдобар главен извршен менаџер во банкарскиот сектор за 2015 година во Република Македонија од страна на тимот на меѓународното списание Global Banking Finance.

Воедно во 2016 година, од страна на меѓународниот магазин „Business worldwide“ беше избран за најдобар главен извршен директор во банкарскиот сектор за 2016 година во Република Македонија како и за најиновативен главен извршен директор во банкарскиот сектор за 2016 година во Република Македонија.

Во 2018 година господин Владимир Ефтимоски се стекнува со титулата Доктор на економски науки на Европскиот центар за мир и развој, Универзитет за мир на Обединетите нации во Белград.

тел.: (02) 30 87 252, факс: (02) 30 87 264

VLADIMIR.E@stbbt.com.mk


Гордана Балтовска

Член на Управниот одбор

Гордана Балтовска е родена во Битола на 26.7.1972 година. Дипломирала на Економски факултет Прилеп во 1997 година, а во 2015 се стекнува со диплома магистер по стратегиски менаџмент на „Бизнис академија Смилевски“ – Битола. Во 2017 година се стекнува со диплома магистер по менаџмент на човечки ресурси на Факултетот за менаџмент на човечки ресурси при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Во 2019 година се стекнува со титула доктор по менаџмент во образование при Универзитетот „Св. Климент Охридски“– Битола, Педагошки факултет Битола.

Покрај формалното образование, Гордана Балтовска се има стекнато со многу сертификати и уверенија во областа на финансиите и менаџментот.

Во 2016 година се стекна со уверение и лиценца за овластен сметководител издадени од Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Македонија (ИСОС) / Министерство за финансии.

Во 2018 година се стекна со уверение за овластен стечаен управник издадено од Министерство за економија на Република Северна Македонија.

Освен формалното образование, Гордана Балтовска има учествувано на многу обуки и семинари организирани од Македонска берза, Министерство за финансии, Министерство за економија, НБРСМ, УСАИД и други институции, како и на меѓународни конференции и семинари.

Исто така, таа е член на Македонската банкарска асоцијација, дел од Комисијата за управување со ризици, членува во Македонското научно друштво – Битола, отсек општествени науки, член е на Институтот за сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија (ИСОС) / Министерство за финансии – како овластен сметководител.

Својата кариера во Стопанска банка а.д. Битола ја започнува во 2001 година, прво како референт, за подоцна да биде именувана за шеф на Служба за управување со ризици, унапредена на позиција директор на Сектор за деловна политика, а во 2013 година директор на Сектор за управување со ризик.

Почнувајќи од септември 2013 година, Гордана Балтовска е член на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола и во нејзина одговорност се следните сектори: Сектор за управување со ризик, Сектор за поддршка и финансии, Сектор за усогласеност со прописи, човечки ресурси, АМЛ, ОСИС лице.

тел. бр.: (047) 207 544; 207 566, факс: (047) 207 513

GORDANA.B@stbbt.com.mk

Александра Радевска

Член на Управниот одбор

Александра Радевска е родена на 25.11.1979 година во Скопје. По професија е дипломиран економист од областа сметководство и ревизија. Вo 2002 година се здобива со високо образование на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По завршување на додипломските студии, во септември 2010 година на Институтот за овластени ревизори на Република Северна Македонија стекнува уверение за овластен ревизор. Во јуни 2011 година ги завршува  постдипломските студии, исто така на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во  Скопје и ја стекнува титулата магистeр по економски науки од областа на сметководството и ревизијата.

Од 2013 година, од страна на Советот за унапредување и надзор на ревизијата добива лиценца за вршење на работи на ревизија за овластен ревизор.

По завршувањето на формалниот дел од образованието, во периодот од март 2003 до јуни 2003 година работи на позицијата асистент за ревизија во Друштвото за ревизија „Б и Љ Ревизија“ ДОО Скопје. Од октомври 2003 година до декември 2009 година работи на повеќе работни позиции: од асистент до шеф на ревизија во Друштвото за ревизија „КПМГ Македонија“ ДОО Скопје.

Понатаму своето професионално искуство го гради на позицијата менаџер за ревизија во Друштвото за ревизија „Грант Торнтон“ ДОО Скопје. На оваа позиција работи од декември 2009 година до март 2012 година.

Во периодот од март 2012 година до март 2019 година работи на позиција раководител на Сектор за ревизија во „Орка холдинг“ АД Скопје.

Од март 2019 година ја извршува функцијата директор на Сектор за финансии и сметководствени работи во „Орка холдинг“ АД Скопје.

Александра Радевска, покрај нејзиниот работен ангажман, од април 2013 година ја врши функцијата член на Надзорен одбор на Стопанска банка а.д. Битола, а од септември 2019 година е член и претседател на Одборот за ревизија на Банката.

Александра Радевска ја извршува функцијата член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола во неколку мандати од април 2013 година до јуни 2023 година.

Од јуни 2023 година, Александра Радевска е член на Управниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола, а под нејзина одговорност се следниве сектори: Сектор за управување со ризик, Сектор за финансии, Сектор за контрола на усогласеност на Банката со прописите и спречување перење пари и финансирање тероризам, Сектор за управување со инвестиции и имот и Сектор за правни работи и решавање проблематични пласмани.

Информации за контакт: 

тел: (02) 30 87 251

ALEKSANDRA.R@stbbt.com.mk