Visa Gold

Visa Gold е картичка без граници прифатена насекаде во светот и призната како престижна од врвни институции, тоа е картичката која ги постави највисоките стандарди, еден од најдобрите светски брендови.

VISA Gold е бесконтактна картичка, ексклузивен производ наменет за ВИП-клиенти чиј животен стил налага флексибилност при плаќањата и кои имаат потреба од финансиска сигурност изразена преку висок кредитен лимит. Со Visa Gold картичката можете да вршите безготовински плаќања едноставно и брзо, само со доближување на картичката до ПОС терминалот, без внесување на PIN код за трансакции во износ до 2.500,00 денари

Предности за имателите на Visa Gold:

  • Едноставен пристап во Вашата сметка во Банката, 24 часа дневно, 7 дена во неделата, во повеќе од 250 земји низ светот и на преку 700.000 АТМ терминали (банкомати).
  • Заштеда на време, наместо непотребно задржување во менувачници, можете едноставно да подигнете пари во локалната валута на кој било банкомат.
  • Плаќајте брзо, едноставно и сигурно со употребата на Вашата картичка во продажните места (хотели, туристички агенции, ресторани, продавници итн.) со употреба на тајниот ПИН-код на ПОС-терминалите во над 24 милиони продажни места БЕЗ ПРОВИЗИЈА.
  • Подигање готовина од сите банки и банкомати во земјата и во странство каде што е истакнат знакот на VISA, освен во земјите кои не партиципираат во програмата на Visa (ЕMV LIABILITY SHIFT), односно земји оценети со висок степен на ризик. Некои од земјите кои се забранети се: Авганистан, Бангладеш, Белорусија, Боцвана (Јужна Африка), Бразил, Камерун, Централна Африканска Република, Чад, Екваторска Гвинеја, Габон, Конго, Источен Тимор, Индонезија, Камбоџа, Колумбија,  Папуа Нова Гвинеја, Швајцарија, Сиера Леоне (Западна Африка), Сингапур, Тајван (провинција во Кина), Тајланд, Украина, Филипини, Хонг Конг, Шри Ланка (Јужна Азија), Јужна Африка, Малезија, Австралија.
  • Патувајте со минимум готовина, немате повеќе грижи за износот готовина кога планирате патувања во странство, сега имате финансиска сигурност насекаде низ светот со неограничен пристап во Вашите средства.
  • Украдена или изгубена картичка- без грижи! Само е потребно да го известите нашиот картичен центар кој работи за Вас 24 часа дневно. Картичката веднаш ќе биде блокирана, а со тоа и ќе се отстрани и можноста за нејзина злоупотреба. Почитувајте ги правилата и целосно сте заштитени. Благодарение на тоа, Вашата картичка е далеку посигурна и побезбедна од готовина.

Дополнителни придобивки обезбедени од меѓународната платежна организација Visa Inc. :

  • Кориснички пакет на правна и медицинска асистенција во случај на незгоди при патувања надвор од државата;
  • Итна замена на картичка;
  • Итна исплата/достава на готовина;
  • Светски најдобри понуди (World Best Offers);
  • Виса голд светски настани (Visa Gold Events);
  • VISA GOLD им нуди на своите корисници телефонски контакт-центар на над 550 бесплатни телефонски линии (0800) 24 часа каде било и да се наоѓате во странство, повеќе информации за телефонските броеви на:
  • Меѓународни попусти и поволности достапни за увид преку следниот линк:
  • http://www.visasoutheasteurope.com/

Барање за кредитна картичка 

Корисни совети за користење на платежни картички

VISA GOLD

Лимит

  • Кредитен лимит до 500.000 мкд
  • Дневен лимит за подигање на готовина или плаќање во трговија во согласност со Вашите потреби и желби

Начин на плаќање

  • Минимален месечен износ од само 5% од вкупната вредност на направените трансакции во рамките на кредитниот циклус

Период на плаќање

  • Грејс период од 40 денови за плаќање на достасаните обврски на кои не се пресметува камата, односно 10 денови по завршувањето на кредитниот циклус, според датумот кој е назначен на изводот кој Банката го доставува секој месец

Револвинг картичка

  • Вратените средства повторно Ви се на располагање намалени за износот на каматата

Валута - МКД

Каматна стапка (годишна)

  • На искористениот дел од одобрениот лимит на кредитна картичка Банката пресметува променлива каматна стапка, во зависност од типот на обезбедувањето

Обезбедување 

Промотивни услови за сите нови корисници од 01.10.2023 година до 30.06.2024 година:

меница и менична изјава, административна забрана на плата;                                 

меница и менична изјава, административна забрана на плата и 1 жирант

0% фиксна каматна стапка до 31.12.2023 година.
-7,5% фиксна каматна стапка до 31.12.2024 година
-По истек на фиксниот период, променлива каматна стапка (составена од Референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 3,50 п.п.).

меница и менична изјава, административна забрана на плата;

меница и менична изјава, административна забрана на плата и 2 жиранти

најмалку 100% наменски орочен каматен или бескаматен денарски/девизен депозит 


ФИКСНА
3 п.п. над каматната стапка на депозитот

Членарини и други трошоци

  • Без административни трошоци
  • Без трошоци за издавање на картичката
  • Без надомест наредната година  - за реализиран промет над 250.000 ден. годишно
  • 2400 мкд - годишна членарина за издавање основна картичка (првата година без членарина).

Дополнителна картичка

  • 1200 мкд - годишна членарина за издавање дополнителна картичка (првата година без членарина)
  • Без надомест наредната година - за реализиран промет над 250.000 ден. годишно

Провизии

  • Без провизии за плаќања во трговија
  • За подигање на готовина се пресметува провизија од:
  • 2,5% или минимум: 200 мкд од банкоматите на банката
  • 3% или минимум: 300 мкд од банкоматите на друга банка
  • 3% или минимум: 200 мкд од ПОС-терминалите на шалтерите на Банката
  • 3% или минимум: 300 мкд од ПОС-терминалите на шалтерите на други банки 
  • пресметката се прави при секоја поединечна трансакција

Преглед на состојба

  • 100 денари за месечно доставување на извод по пошта
  • Брз надоместок за доставување на извод по e-пошта

Проверка на состојба на банкомат

  • Проверка на состојба на ATM (банкомат) на Банката - 20,00 ден.
  • Проверка на состојба на ATM (банкомат) на друга банка - 40,00 ден.

Обезбедување

  • Административна забрана
  • Меница со менична изјава
  • Траен налог
  • формуларите ги обезбедува банката, со исклучок на меницата

Критериуми

  • Физичко лице, државјанин на Р. Македонија
  • Возраст од 18 до 64 години
  • Редовни месечни примања или депозит

Потребни документи

  • Пополнетото барање за издавање на картичката VISA GOLD да се прикачи на барањето
  • Фотокопија од важечка лична карта/пасош
  • Заверени податоци за висина на плата

Реиздавање на картичка

  • 300 денари за реиздавање на загубена/украдена или оштетена картичка
  • Реиздавање на ПИН
  • 150 денари

Блокади и деблокади на картичка

  • 150 денари за блокада на загубена/украдена или оштетена картичка
  • 150 денари за деблокада на картичка по барање на корисник
  • 150 денари за деблокада за три пати погрешно внесен ПИН

Губење или кражба на картичка

  • Во случај на губење или кражба на картичката истата можете да ја блокирате во контакт центарот Касис  секој ден во неделата (24/7), на следниот телефонски број + 389 02 3293888

Информации: 047/202-441, 047/207-655

www.stbbt.com.mk