Стевчо Јолакоски

член на НО

Стевчо Јолакоски е роден во Охрид, на 1. 1. 1979 година. Во 2001 година дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, а во 2003 година го положил правосудниот испит. Во 2008 година се стекнува со титулата магистер на науки од областа на правните науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Во 2014 година се стекнува со титулата доктор на науки на Факултетот за безбедност во Скопје.


Својата кариера ја започнува во 2001 година прво како приправник во Основен суд Скопје 2 ‒ Скопје, а потоа како стручен соработник кај адвокат, понатаму својата кариера ја продолжува на позиција правник во „ТИМ ДОО Скопје“, а од 2006 година до денес е вработен во Министерството за транспорт и врски на Република Македонија. Во моментот е на работна позиција државен советник за патен сообраќај.

Функцијата член на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола ја извршува од 2017 година.