НАМЕНСКИ КРЕДИТ ЗА КУПУВАЊЕ НА АКЦИИ ИЛИ УДЕЛИ ВО ФИРМИ



карактеристики

Намена:

наменски – средствата се префрлаат наменски за купување на акции или удели во фирми

Максимален износ:

според кредитната способност на кредитокорисникот и вредноста на обезбедувањето


ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Меница и менична изјава, Административна забрана на плата/траен налог на пензионери, Хипотека на недвижен имот(станбен и деловен простор изградени или во градба, приватни куќи изградени или во градба и градежно земјиште) во сооднос од минимум 2/1 од износот на кредитот, полиса винкулирана во корист на Банката.

РОК НА ВРАЌАЊЕ - до 240  месеци

Трошок за аплицирање за кредит - 700,00 МКД

Провизија за одобрен кредит - 1,5%

Трошок за предвремена отплата - без надомест за предвреме извршена уплата до 20% од преостанатиот дел од главницата на тековниот месец, односно 3% од главницата на кредитот што предвремено се уплаќа, за износи над 20% од преостанатиот дел од главницата на кредитот

услови

  • кредитоспособност од ½ (рата/плата)
  • старосна граница - максимум 75 години на денот на достасување на кредитот
  • можност за вклучување на еден или повеќе кокредитобаратели

каматни стапки

  • 7,50% фиксна каматна стапка во првите три години (годишно) во случај на редовна отплата т.е. најдоцна до 30 дена од датумот на доспевање на кредитот
  • 8,50% прилагодлива каматна стапка по третата година, доколку кредитокорисниците редовно ги сервисираат обврските по кредитот т.е. најдоцна до 30 дена од датумот на доспевање на ануитетот
  • 10.50% прилагодлива каматна стапка по третата година , како и во првите три години, доколку кредитото не се отплатува редовно т.е. кредитокорисникот доцни со плаќање на еден или повеќе ануитети

*7,98% СВТ за износ на кредит од 3.000.000 МКД, фиксна каматна стапка во првите три години 7,50% и променлива каматна стапка (референтна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 6,00 п.п. ), рок на отплата 240 месеци, провизија за одобрен кредит 1,5%  *Врз висината на СВТ влијае износот и рокот на враќање на кредитот, висината на номиналната каматна стапка и износот на сите трошоци за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ 

останато

*Доколку политиката на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули.