НЕНАМЕНСКИ
ПОТРОШУВАЧКИ
КРЕДИТ - ДЕВИЗНА КЛАУЗУЛА

Средствата се префрлаат на трансакциската сметка на корисникот (не е потребно да се бара доказ за намената на кредитот)


Карактеристики

Намена:

ненаменски – средствата се префрлаат на трансакциската сметка на корисникот (не е потребно да се бара доказ за намената на кредитот).

Максимален износ:

согласно кредитната способност на Барателот за кредит - до 15.000,00 ЕУР

БЕЗ ЖИРАНТИ - до 5.000,00 ЕУР за вработени во ЈП, буџетски и финансиски институции и приватни фирми прифатливи за Банката


СО 1 ЖИРАНТ - од 5.000,00 до 10.000,00 ЕУР- за вработени во ЈП, буџетски и финансиски институции и приватни фирми прифатливи за Банката

СО 1 ЖИРАНТ - до 5.000,00 ЕУР за вработени во останати приватни фирми

СО 2 ЖИРАНТИ - од 10.000,00 ЕУР до 15.000,00 ЕУР - за вработени во ЈП, буџетски и финансиски институции и приватни фирми прифатливи за Банката

СО 2 ЖИРАНТИ - од 5.000,00 ЕУР до 7.500,00 ЕУР за вработени во останати приватни фирми

РОК НА ВРАЌАЊЕ - до 72 месеци

Трошок за аплицирање за кредит - 700,00 МКД

Провизија за одобрен кредит - 2,5%

Услови

  • кредитоспособност од ½ (рата/плата) за кредитобаратели вработени во  ЈП, буџетски и финансиски институции и приватни фирми прифатливи за Банката
  • кредитоспособност од 1/3 (рата/плата) за кредитобаратели вработени во останати приватни фирми
  • кредитоспособност од 1/2 (рата/плата) за жирантите
  • старосна граница - максимум 64 години на денот на достасување на кредитот

Каматни стапки

  • 1М Еурибор + 8,00 п.п. без дополнителен производ и со еден дополнителен производ од Банката
  • 1М Еурибор + 7,983 п.п. корисници на кредит + 2 дополнителни производи од Банката
  • 1М Еурибор + 7,963 п.п. + 3 дополнителни производи од Банката

*8,77% СВТ за износ на кредит од 15.000 ЕУР, променлива каматна стапка (1М Еурибор + 7,963 п.п.), рок на отплата 72 месеци, провизија за одобрен кредит 2.5%  

*Врз висината на СВТ влијае износот и рокот на враќање на кредитот, висината на номиналната каматна стапка и износот на сите трошоци за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ 

   


Останато

*Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули.

** Еден жирант може да се замени со солемнизација на договорот за кредит со вклучени извршни клаузули потпишан од страна на барателот доколку поседува имот на свое име, или со друг гарант платец кој поседува имот на свое име