Орочени денарски депозити

Редовното штедење се однесува на сите видови депозити, во денари или во странска валута. Средствата кои се наменети за штедење можат да бидат во денари без девизна клаузула или во странска валута.

  • Периоди на штедење - 15 дена, 1, 3, 4, 6, 8, 12, 15, 24 и 36 месеци
  • Пресметка на камата -  годишно, со фиксни или променливи годишни каматни стапки кои се пресметуваат по пропорционална метода
  • Каматата се исплаќа во истата валута како депозитот
  • Исплата на камата:
    • на крајот на периодот, со месечна пресметка на каматата која се додава на главниот влог
    • месечна исплата на каматата на трансакциска сметка по барање на клиентот

Предвремено повлекување на депозитот пред истекот на договорениот рок на орочување (предвремено разорочување) е можно со писмено барање на Вложувачот. Во тој случај се врши раскинување на договорот во целост и се пресметува камата со примена на каматна стапка по видување, за периодот од датумот на орочување /преорочување до датумот на повлекување на депозитот.


по видување

0.00%

1 месец

0.01%

3 месеци

0.05%

4 месеци

0.05%

6 месеци

0.10%

8 месеци

010%

12 месеци

0.80%

14 месеци

0.80%

15 месеци

0.80%

24 месеци

1.20%

36 месеци

1,40%

над 36 месеци со променлива каматна стапка
НРКС*+0,12 п.п.

*НРКС - Национална референтна каматна стапка се дефинира каматната стапка на денарски депозити без валутна клаузула која ја објавува НБРСМ на официјалната web страна и се менува на месечно ниво, со стапка важечка на последниот ден од претходниот месец