Дефиниција на услугата
Персоналното банкарство претставува услуга на Стопанска банка а.д. Битола која опфаќа водење грижа за потребите на клиентите во доменот на банкарските услуги и следење на целокупното портфолио на клиентот во рамките на банкарското работење. Услугата е наменета за клиенти кои имаат посебен третман во рамки на Банката, со цел истите да заштедат на време и средства потребни за извршување на банкарските трансакции.
Дефиниција на персонален банкар
Персонален банкар е лице одговорно за опслужување на ВИП клиентите на Банката, преку водење грижа за нивните финансиски потреби и следење на нивното целокупно портфолио во Банката.
Критериуми за прием на клиенти во Персонално банкарство:
Вредносни критериуми:
- Просечен редовен месечен прилив од најмалку 40.000,00 МКД
- Депозит со минимум противвредност од 50.000,00 ЕУР во било која валута
- Корисници на станбени или хипотекарни кредити над 50.000,00 ЕУР и кредити обезбедени со минимум 100% денарски или девизен депозит, кои редовно ги отплатуваат месечните ануитети.
- Годишен промет по основ на пирливи над 50.000 ЕУР или противвредност на друга странска валута на девизна сметка
- Годишен промет по основ на приливи над 3.000.000,00 МКД на денарска сметка
- Корисници на Visa Gold кредитна картичка издадена од Банката
Kритериуми врз основа на статусот на клиентите:
- Менаџмент на стратешки и големи клиенти на Банката, како и јавни претпријатија и институции
- Политичари
- Дипломатски кор
- Универзитетски проферсори
- Адвокати
- Извршители
- Нотари
- Доктори на науки
- Новинари
- Останати јавни личности
- Други клиенти по оценка на Раководител на експозитура
Дополнителни критериуми за прием
За сопственици или управители на правни лица депоненти на Банката кои се заинтересирани да ја користат услугата Персонално банкарство, постои можност за користење услугата само со посебна одлука од страна на Управниот Одбор на банката.
Надомест
Извршувањето на услугите од персонално банкарство е бесплатно во првите три месеци од денот на потпишувањето на Договор за користење на услугата Персонално банкарство.
По истекот на овој промотивен период, Банката ќе наплаќа месечен надомест во висина од 600,00 МКД.