ДЕВИЗНИ депозити се парични депозити на граѓаните вложени во банка, за што Банката издава штедна книшка врз основа на усмено барање на вложувачот по претходно отворена мултивалутна ТРС.
Сопственик на девизен штеден влог може да биде:
- Домашно физичко лице - резидент
- Странско физичко лице - нерезидент
Со средствата од девизниот штеден влог можат да располагаат:
- Сопственикот на штедниот влог
- Законскиот застапник доколку сопственикот на штедниот влог е малолетно лице
- Старателот на лице под старателство
- Ополномоштеното лице
Полномошно може да се направи на сите шалтери на Банката за лицата кои се лично присутни во моментот на издавањето на полномошното. Лицата кои се наоѓаат во странство можат да издадат полномошно во кое ќе бидат наведени податоците на сопственикот и на ополномоштеното лице. Полномошното мора да биде заверено кај овластен нотар или во дипломатско конзуларно претставништво во земјата каде истото се издава.
Видови на девизни штедни влогови:
- По видување
- Орочени на определено време - 1,3,4,6,8,12,14,15,24,36 и повеќе месеци
- Бескаматни депозити - наменски (обезбедување по кредит)
Податоците за девизните штедни влогови се деловна тајна на Банката. Девизните штедни влогови во Банката се осигурани во Фондот за осигурување на депозити. Фондот ги обештетува физичките лица во висина од:
- 100% од вкупниот депозит на секое физичко лице до износот на денарската против вредност на ЕУР 30.000,00