Пакет за вработени во прифатливи фирми 

-  Денарски ненаменски потрошувачки кредит  до 1.500.000,00 ден / Денарски кредити со девизна клаузула до 25.000 еур

-  Кредитна картичка - Visa/MasterCard Standard - до 3 (три) плати

-  Дозволено пречекорување по трансакциска сметка + специјален лимит на MasterCard Debit - до 5 (пет) плати

-  СМС Известување

-  Електронско банкарство


Карактеристики

Пакетот се состои од 6 производи: кредит, кредитна картичка, дозволен лимит по ТРС, специјален лимит поврзан со МастерДебит, СМС известување и електронско банкарство

Наведените услови важат единствено доколку се искористат сите наведени производи од пакетот

НАМЕНА: 

1/ненаменски - средствата се префрлуваат на ТРС на корисникот

2/наменски - средствата се користат за затварање на постоечки обврски (30% од износот може да се искористи ненаменски)

МАКСИМАЛЕН ИЗНОС: 

до 1.500.000,00 МКД / 25.000,00 ЕУР

  • Кредитна картичка Visa/Mastercard standard согласно кредитна способност на барателот, лимит  до 3(три) месечни плати најмногу до 500.000,00 денари
  • Дозволено пречекорување по ТРС + специјален лимит на Mastercard debit - до 5 месечни плати од кои:  лимит во висина од 3 месечни плати кои што корисникот на картичката ќе може да ги користи на ПОС и АТМ, без провизија и  специјален лимит во висина од 2 месечни плати кои што корисникот на картичката може да ги користи исклучиво за подигање

РОК НА ВРАЌАЊЕ:

до 95 месеци

Трошок за аплицирање на кредит - 700,00 МКД

Провизија за одобрен кредит:

  • провизија од 2% на одобрениот износ за ненаменски кредити
  • провизија од 1% на одобрениот износ за рефинансирање во СТББТ
  • провизија од 0% за рефинансирање во други банки

 Кредитна картичка Mastercard standard:

  • Минимален месечен износ за плаќање - 1% од вкупната вредност на направените трансакции + 100% од сите надоместоци, провизии, редовни и затезни камати - Mastercard standard, односно 5% од вкупната вредност на направените трансакции + пресметана камата за картички од брендот Visa

Дозволено пречекорување на ТРС - Mastercard debit - Провизија за подигање на рати на шалтер

  • 4,5% од износот на трансакцијата за подигање на 3 рати
  • 4,9% од износот на трансакцијата за подигање на 6 и 9 рати
  • 7,5% од износот на трансакцијата за подигање на 12 рати
  • 2% од износот од трансакцијата за подигање на готовина на повеќе од 12 рати

Услови


  • кредитоспособност од 55% рата/плата

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ *:

до 600.000,00 ден./10.000,00 еур - Меница и менична изјава и административна забрана на плата од кредитобарателот. (Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули. За износи над 300.000,00 мкд / 5.000,00 еур, ако барателот нема имот на свое име задолжително е вклучување на гарант-платец кој поседува недвижен имот.)над 600.000,00 ден./10.000,00 еур - солемнизација на Договор за кредит со вклучени извршни клаузули. Ако барателот нема имот на свое име задолжително е вклучување на гарант-платец кој поседува недвижен имот. 


Опционално: Ризико полиса 

СТАРОСНА ГРАНИЦА:

- најмногу 64 години на денот на достасување на кредитот за вработени

- доколку кредитокорисникот во момент на апликација е вработен со возраст под 64 години, а во период на животниот век на кредитот надмине 64 годишна возраст, во тој случај старосната граница ќе важи како за пензионери и потребно е да достави Изјава дека пензијата ќе ја прима преку СТББТ и дополнителен услов е во моментот на пензионирање недостасана главница по Амортизационен план да не биде поголема од износот кој Банката редовно го одобрува на пензионери. Во спротивно треба да вклучи вработен кокредитобарател во рамки на старосна граница до 64 години или пензионер кокредитобарател во рамки на старосна граница до 70 годишна возраст

** Се  укинува меницата како инструмент за обезбедување во случаите каде што како обезбедување служи солемнизација на Договорот за кредит/кредитна картичка/дозволено пречекорување  на нотар. 


Каматни стапки

Останато

Платата е задолжително да се прима на ТРС во Банката или да се префрли преку Банката во рок од 45 дена од датумот на Договорот за кредит