Задолжително префрлување на личниот доход преку Банката. За лица кои не ја примаат платата преку СТББТ, а сакаат да аплицираат за овој продукт мора да достават изјава дека платата ќе ја префрлат преку Банката во рок од 45 дена од датумот на Договорот за кредит. Доколку Банката констатира дека не е испочитувана Изјавата за префрлување на плата во предвидениот рок кредитот може да се прогласи за доспеан, да се направи Анекс кон истиот или да се префрли со највисока важечка каматна стапка за денарски кредити за физички лица, согласно Одлуката за каматни стапки на Банката
- кредитоспособност од 60% рата/плата
- старосна граница - максимум 64 години на денот на достасување на кредитот
ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ :
- до 750.000,00 ден меница и менична изјава** и административна забрана на плата*
- од 750.000,00 ден. до 1.200.000,00 ден. административна забрана на плата и задолжителна солемнизација на договор за кредит со вклучени извршни клаузули
- над 1.200.001,00 ден административна забрана на плата и задолжителна солемнизација на договор за кредит со вклучени извршни клаузули. Доколку корисникот нема имот на свое име, задолжително вклучување на гарант платец со имот
- Опционално: Ризико полиса издадена од Кроација осигурување АД- Друштво за осигурување на живот или од Триглав осигурување живот АД Скопје винкулирана во корист на СТББТ со рок на важност еднаков со рокот на отплата на кредитот
* Доколку политиката на работодавачот е да не заверува административна забрана тогаш и за износи до 750.000,00 ден потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули, а за износи над 750.001,00 ден потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули и гарант платец.
** Се укинува меницата како инструмент за обезбедување во случаите каде што како обезбедување служи солемнизација на Договорот за кредит/кредитна картичка/дозволено пречекорување на нотар.