Пакет за вработени во приватни фирми

Условите за пакетот важат само доколку се искористат сите производи/услуги од пакетот. Пакетот се состои следните производи/услуги:

1. Потрошувачки кредит

2. Дозволено пречекорување по трансакциска сметка со лимит од најмалку 1 плата, а најмногу до 3 плати

3. Кредитна картичка со лимит во висина од најмалку 1 плата, а најмногу до 3 плати

4. СМС известување

5. Електронско банкарство

Карактеристики

ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ

Намена:

  1. Ненаменски – средствата се префрлаат на трансакциската сметка на корисникот (не е потребно да се бара доказ за намената на кредитот).          
  2. За рефинансирање во банката
  3. За рефинансирање во други банки

Максимален износ на вкупна изложеност:

- до 1.200.000,00 МКД

Рок на враќање:

- до 95 месеци

Начин на враќање:

со месечна отплата на ануитети   
- административна забрана
- траен налог
- на шалтерите на Банката
- по електронски пат

Надомести за кредитот:

Опис на надоместок Вид Висина на надоместок
Трошок за аплицирање за кредит променлива

700,00 МКД за вработени

Провизија за одобрен кредит еднократно 1% - за ненаменски кредити
0% - за рефинансирање од банката или од други банки
Трошок за предвремена отплата променлива 1% доколку кредитот се отплати во период кога каматната стапка е фиксна;
 0% доколку кредитот се отплати во период кога каматната стапка е променлива

Валутна клаузула: денарски кредити

Целна група и предуслови за одобрување:

Вработени во приватни фирми                                                                                       

1. Друштвото да постои најмалку 5 години (согласно тековна состојба);
2. Да нема последователна загуба од работењето за последните 2 години;
3. Друштвото да нема блокада за непрефрлени плати во последните 12 м;
4. Друштвото да нема задоцнување во исплата на плати; (согласно фолио број од извод од платежна сметка);
5. Вработениот да биде вработен повеќе од 12 месеци во фирмата (М1/М2 или извод од платежна сметка);

Услови

Инструменти на обезбедување:

  • до 300.000,00 ден. - Меница и менична изјава и административна забрана на плата од кредитобарателот. (Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули. Ако барателот нема имот на свое име задолжително е вклучување на гарант-платец кој поседува недвижен имот.)

  • над 300.000,00 ден. - солемнизација на Договор за кредит со вклучени извршни клаузули. Ако барателот нема имот на свое име задолжително е вклучување на гарант-платец кој поседува недвижен имот.

Опционално: Ризико полиса

Кредитоспособност:

ДСТИ показател не поголем од 55% за клиенти кои во изминатите 12 месеци биле класифицирани во „А“ категорија на ризик согласно КРИС на НБРСМ, за сите останати ДСТИ показател не поголем од 50%

За сите баратели кои имаат ДСТИ показател над 33%, а немаат имот на свое име, потребно е задолжително вклучување на една од наведените опции:
- Кокредитобарател, за ДСТИ показателот да изнесува до 33%;
- Авалист/ Гарант платец со имот на свое име;
- Жирант на кредит со ДСТИ показател до 50%

- старосна граница - максимум 64 години на денот на достасување на кредитот за редовно вработени   

- за лица кои не ја примаат платата преку СТББТ, а сакаат да аплицираат за овој продукт мора да достават изјава дека платата ќе ја префрлат преку Банката во рок од 45 дена од датумот на Договорот за кредит. Доколку Банката констатира дека не е испочитувана изјавата за префрлување на плата  во предвидениот рок кредитот може да се прогласи за доспеан или да се направи Анекс кон истиот, со што ќе се префрли со највисока важечка каматна стапка за денарски кредити за физички лица, согласно Одлуката за каматни стапки на Банката.

 

Каматни стапки

Каматна стапка:

Пакет Период на фиксна каматна стапка Период на променлва каматна стапка
до 3-та година по 3-та година
Без ризико полиса 5.90% НРКС+ 6 п.п., но не пониска од 8%
Со ризико полиса 5.75% НРКС+ 5 п.п., но не пониска од 7,5%

*Врз висината на СВТ влијае износот и рокот на враќање на кредитот, висината на номиналната каматна стапка и износот на сите трошоци за кредитот што се вклучени во пресметката на СВТ 

Останато

* Се укинува меницата како инструмент за обезбедување во случаите каде што како обезбедување за кредитот служи солемнизација на Договорот за кредит на нотар. Во случаи кога како обезбедување за кредитот има и жиранти, истите ќе се јават како гаранти-платци во солемнизираниот договорот за кредит.

** Доколку политика на работодавачот е да не заверува административна забрана, тогаш потребна е задолжителна солемнизација на договорот со вклучени извршни клаузули.

*** Доколку кредитокорисникот во тек на траење на кредитот оствари право на пензија, односно ја надмине старосната граница за вработен 64 години, задолжително треба да достави изјава дека по остварување на правото за пензија, истата ќе ја добива преку СТББТ.

**** Ризико полиса односно полиса за осигурување издадена од Кроација осигурување АД - друштво за осигурување на живот винкулирана во корист на СТББТ со рок на важност еднаков со рокот на отплата на кредитот се бара доколку клиентот сака да ги користи промотивните каматни стапки