За примање средства од странство, на испраќачот треба да му ги дадете следниве Ваши податоци:
- Име и презиме
- Адреса
- Број на сметката или IBAN-број (можете да го добиете на шалтерите во Банката)
- Името на нашата банка: STOPANSKA BANKA a.d. BITOLA
- Адреса на Банката: Dobrivoje Radosavljevik 21
- Нашиот SWIFT-кoд: STBBMK22.
Инструкции за примање девизни приливи од странство може да добиете на шалтерите на Банката во сите експозитури во земјата.
1. Домашно физичко лице – резидент
Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент, може да прими средства од странство од друго физичко лице, жител на странска земја – нерезидент, во неограничен износ на средства.
Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент, може да прими средства од својата сметка во странство, според Одлуката за начинот и условите, под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство, и според нејзините дополненија.
Физичко лице, жител на Република Македонија – резидент, може да прими средства од странство од правно лице со седиште во странска земја – нерезидент, износ кој не е лимитиран, но за кој мора на Банката да даде информација за основот на приливот.
Во зависнот од информацијата на клиентот, Банката во согласност со законот, може да побара и валиден документ од кој ќе се види основот на плаќањето, особено ако приливот спаѓа во групата на капитални трансфери.
Корисникот на наплата треба во рок од 5 работни дена, од денот на приемот на известувањето од Банката, да ги достави сите потребни податоци за одобрување на средствата на неговата сметка.
2. Странско физичко лице – нерезидент
Странско физичко лице – нерезидент, може да прими средства од странство во неограничен износ на средства.
При Уплатата во ефективни странски пари во износи поголеми од 10.000 евра, клиентот – нерезидент, приложува и писмена потврда за внесени ефективни странски пари издадена од Царинска управа на РМ.