Visa Debit

VISA Debit е дебитна картичка со можност за користење во земјата и во странство

VISA Debit е бесконтактна картичка наменета за

  • Безготовински плаќања во трговската мрежа каде можете да вршите плаќање едноставно и брзо, само со доближување на картичката до ПОС терминалот, без внесување на PIN код за трансакции во износ до 2.500,00 денари
  • Подигање готовина од сите банки и банкомати во земјата и во странство каде што е истакнат знакот на Visa, освен во земјите кои не партиципираат во програмата на Visa (ЕMV LIABILITY SHIFT), односно земји оценети со висок степен на ризик. Некои од земјите кои се забранети се: Авганистан, Бангладеш, Белорусија, Боцвана (Јужна Африка), Бразил, Камерун, Централна Африканска Република, Чад, Екваторска Гвинеја, Габон, Конго, Источен Тимор, Индонезија, Камбоџа, Колумбија,  Папуа Нова Гвинеја, Швајцарија, Сиера Леоне (Западна Африка), Сингапур, Тајван (провинција во Кина), Тајланд, Украина, Филипини, Хонг Конг, Шри Ланка (Јужна Азија), Јужна Африка, Малезија, Австралија

Барање за дебитна картичка 

Корисни совети за користење на платежни картички


Основни карактеристики

  • VISA Debit е  картичка која e поврзана со денарската трансакциска сметка (ТРС) на која се вршат уплати по основ на плати, пензии, како и приливи по други основи.
  • Картичките овозможуваат плаќање во целост или на рати во трговската мрежа во земјата и во странство
  • Користењето на картичките е БЕЗ ПРОВИЗИЈА за плаќања во трговската мрежа во земјата и во странство.
  • Критериуми за добивање на картичка:
  • Лично пополнето барање за добивање картичка потпишано од барателот
  • Фотокопија од важечка лична карта, или од патна исправа.

Салдо

  • Во висина на расположливите средства на сметката, зголемено за дозволеното пречекорување

Дозволено пречекорување со опција со или без ризико полиса:

  • до 3 плати - редовно вработени
  • до 2 пензии - за пензионери
  • до 1 месечен приход - за вработени на определено, приматели на технолошки вишок и 3то/4то дете

Административни трошоци:

  • Административен трошок за одобрување  : 

300,00 МКД – за лимити до 60.000,00 ден.

600,00 МКД – за лимити над 60.001,00 ден.

  • Административен трошок за одобрување  за дозволено пречекорување со ризико полиса:

300,00 МКД – за лимити до 60.000,00 ден.

600,00 МКД – за лимити од 60.001,00 ден. до 160.000,00 ден. 

1.200,00 МКД – за лимити од 160.001,00 ден. до 300.000,00 ден. 

2.400,00 МКД – за лимити од 300.001,00 ден. до 600.000,00 ден. 

  • Административен трошок за реодобрување  за дозволено пречекорување со ризико полиса

300,00 МКД – за лимити до 60.000,00 ден.

600,00 МКД – за лимити од 60.001,00 ден. до 160.000,00 ден. 

1.200,00 МКД – за лимити од 160.001,00 ден. до 300.000,00 ден. 

2.400,00 МКД – за лимити од 300.001,00 ден. до 600.000,00 ден.


Начин на плаќање:

  • Секоја трансакција од 1.500 МКД до 5.999.00 МКД направена во трговија се плаќа на три рати без камата;
  • Секоја трансакција над 5.999 МКД направена во трговија се плаќа на шест рати со камата;
  • Секоја трансакција над 8.999 МКД направена во трговија се плаќа на девет рати со камата;
  • Секоја трансакција над 11.999 МКД направена во трговија се плаќа на дванаесет рати со камата.

Каматни стапки:

  • Референтна каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 8,00 п.п. - за дозволено пречекорување без ризико полиса
  • Референтна каматна стапка за пресметување на стапката на казнена камата + 7,25 п.п. - за дозволено пречекорување со ризико полиса

Обезбедување:

  • Меница и менична изјава и административна забрана на плата - за дозволено пречекорување без ризико полиса
  • Меница и менична изјава и административна забрана на плата* и колективна ризико полиса издадена од Кроација осигурување а.д. живот - дозволено пречекорување со ризико полиса

Месечна членарина:

  • Debit - 25 ден. месечен надомест за цел период на важење на картичка

Дополнителна картичка:

  • Debit - 25 ден. месечен надомест за цел период на важење на картичка

Подигање готовина

Visa Debit

  • БЕЗ ПРОВИЗИЈА од банкоматите и од шалтерите на Банката
  • 2,5%, минимум - 250 денари на АТМ на друга банка
  • 2,5%, минимум - 200 денари на шалтерите на друга банка

Проверка на состојба на банкомат

  • Проверка на состојба на ATM (банкомат) на Банката - 20,00 ден. (првиот обид за проверка на состојбата во месецот е без надоместок);
  • Проверка на состојба на ATM (банкомат) на друга банка - 40,00 ден.

Рекламации

  • БЕЗ НАДОМЕСТ - за основано побарување;
  • 1000 денари - неосновано побарување.

Електронски блокади деблокади

  • 150 денари  за блокирање за изгубена или украдена картичка;
  • 150 за деблокада по барање на клиентот;
  • 150 денари деблокада на ПИН.

Извод за состојба на сметка:

  • БЕЗ НАДОМЕСТ за издавање на месечен извештај na e-пошта;
  • 100 денари за издавање на годишен извештај по барање на клиентот.

Реиздавање на картичка

  • по основ на украдена, изгубена или оштетена картичка;
  • 300 денари за VISA Electron;
  • 150 денари  по основ на промена на параметри на картичка.

Реиздавање ПИН

  • 150 денари

Затворање на картичка

  • 200 денари за предвремено откажување од користење

ПИН код

  • За подигање на готовина на банкомат, како и за плаќање во трговијата задолжително се користи ПИН-кодот (се добива во затворен плик заедно со картичката). Доколку ПИН-кодот се внесе погрешно три пати, картичката по автоматизам се блокира.

Губење или кражба на картичка

  • Во случај на губење или кражба на картичката истата можете да ја блокирате во контакт центарот Касис  секој ден во неделата (24/7), на следниот телефонски број + 389 02 3293888