Документарно работење

Документарно работење

ДОКУМЕНТАРНО РАБОТЕЊЕ

Нашата мисија е со својата стручност, посветеност, брзина и прецизност во извршувањето на услугите од документарното работење, олеснување на деловниот процес на нашите клиенти. Советодавно консултативната поддршка е силна гаранција за успешна зделка и задоволни клиенти.

Документарното работење е дел од понудата на услуги и производи за коминтентите на Банката.

  • Гаранциско работење
  • Акредитивно работење
  • Инкасо работење

Тарифник

Лица за контакт

Николче Трајчески – Раководител на Служба за администрација и евиденција на пласмани и депозити 

Телефон 047 207 526

e-mail NIKOLCE.T@stbbt.com.mk

Дивна Поповска – Стручен соработник во Служба за администрација и евиденција на пласмани и депозити 

Телефон 047 207 735

e-mail DIVNA.P@stbbt.com.mk

Гаранциско работење

ГАРАНЦИСКО РАБОТЕЊЕ

Банкарската гаранција претставува единствен и најсигурен инструмент за обезбедување на плаќање помеѓу деловните субјекти, како неотповиклива обврска на Банката (во писмена форма) да плати одреден износ на пари, во случај не неизвршување на обврските што се договорени помеѓу двата субјекти.

Како налогодавач и корисник на банкарските гаранции може да се јават правни и физички лица.

Видови гаранции кои ги издава Стопанска Банка а.д. Битола

ГАРАНЦИИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПЛАЌАЊЕТО – ПЛАТЕЖНИ ГАРАНЦИИ

  • Платежна гаранција за набавка на стока / извршување на услуга
  • Царинска гаранција (општа и поединечна)
  • Кредитна гаранција
  • Гаранција за обезбедување на плаќање на даночни обврски
  • Гаранција за обезбедување на плаќање на комуналии и закупнини
  • Гаранција за издавање на ТIR карнети и обезбедување на обврски кон IATA
  • Гаранција за обезбедување на обврски на субјект различен од Налогодавачот т.е. за потенцијално преземање на долг од деловни односи меѓу други субјекти, независно од карактерот на обврската (колатерална гаранција)

ЧИНИДБЕНИ ГАРАНЦИИ

  • Лицитациона / тендерска гаранција
  • Гаранција за добро (квалитетно) извршување на работата (договорот)
  • Гаранција за поврат на аванс (авансна гаранција)
  • Гаранција за обврски во гарантен период
  • Останати видови на гаранции согласно барањето и потребите на клиентот

што е потребно за издавање на ностро банкарски гаранции

  • Да имате отворено денарска и девизна сметка во Стопанска Банка а.д. Битола
  • Барање за издавање
  • Документарен основ за издавање на гаранцијата (договор, про-фактура, фактура, нарачка, тендерска документација или друг документ кој ја одразува комерцијалната зделка)
  • Соответно обезбедување


ЛОРО банкарски гаранции

Стопанска банка а.д. Битола за своите клиенти ги врши и следните лоро гаранциски услуги:

  • Консултативно советодавна
  • Прием на гаранции преку SWIFT или од корисникот во оригинал и идентификација на автентичност на потписи;
  • Нотификација – проследување на гаранцијата до корисникот;
  • Проследување на барање за наплата по лоро гаранција од корисникот до Банката гарант, заедно со придружната документација.


ПРОВИЗИИ И ТРОШОЦИ

Во зависност од видот на гаранцијата, обезбедувањето и валутата почнувајќи од 0,15% тромесечно, минимум 1.500,00 денари, согласно Тарифата за надоместоци на Стопанска Банка а.д. Битола

Акредитивно работење

АКРЕДИТИВНО  РАБОТЕЊЕ

Документарниот акредитив нуди единствен, универзално прифатен начин на плаќање во меѓународната трговија затоа што подеднакво ги штити и интересите на купувачот и интересите на продавачот.

Документарниот акредитив е неотповиклива писмена обврска на банката (акредитивна банка) превземена во име на налогодавачот (најчесто купувач на добра или корисник на услуга), дека ќе му ја плати на корисникот (најчесто продавач или давател на услуга), вредноста на документите во одреден временски рок, под услов доставените документи да бидат во согласност со условите и роковите пропишани во акредитивот

 

Ностро (увозен) акредитивот претставува инструмент за плаќање при увоз на стоки и услуги.


Лоро (извозен) акредитив претставува инструмент со кој се обезбедува наплата на извозот на стоки и услуги

што е потребно  за ОТВОРАЊЕ на ностро АКРЕДИТИВ

  • Да имате отворено денарска и девизна сметка во Стопанска Банка а.д. Битола
  • Барање за отворање на акредитив
  • Документарен основ за отворање на акредитив (договор, фактура или про-фактура за договорениот увоз)
  • Да имате уредно пополнет образец 1451 (страна 1 и 2) потпишан од налогодавачот
  • Соответно обезбедување


Лоро (извозен) акредитив претставува инструмент со кој се обезбедува наплата на извозот на стоки и услуги


 Конфирмација


Стопанска Банка а.д. Битола има воспоставено  долгорочна соработка со реномирани светски банки кои вршат конфирмација на издадените акредитиви од Банката.

 

ПРОВИЗИИ И ТРОШОЦИ

Во зависност од видот на акредитивот, обезбедувањето и валутата почнувајќи од 0,30% тромесечно, минимум 1.000,00 денари за ностро акредитиви, 0,10% минимум 1.000,00 денари  за лоро акредитиви согласно Тарифата за надоместоци на Стопанска Банка а.д. Битола.

SWIFT трошоци  - 400,00 МКД

Инкасо работење

ИНКАСО  РАБОТЕЊЕ

Инкасото е инструмент кој се користи во меѓународното трговско работење и претставува плаќање, односно наплата на одреден износ на средства преку банка врз база на презентација на одредена документација. Во инкасо работењето Банката се јавува во улога  на посредник.

Паралелно со испораката на стоката извозникот ги предава документите во својата банка која истите ги проследува до банката на увозникот проследени со стриктни инструкции за плаќање. Банката на увозникот ги предава документите на увозникот, а со тоа и сопственоста над стоката  во моментот кога  истите ги наплаќа од самиот увозник,  врши плаќање кон банката на извозникот во согласност со добиените инструкции и целиот финансиски циклус се затвора.

 Банката врши испраќање на  документи на наплата – ностро инкасо и прифаќање на документи за плаќање – лоро инкасо.

При инкасо работењето документите може да бидат финансиски документи (фактура, меница, чек) или пак комерцијални документи (транспортни документи, документи за осигурување, различни сертификати и сл.), но најчесто нивна комбинација.

што е потребно  за инкасо работење

Да имате отворено денарска и девизна сметка во Стопанска банка а.д. Битола.

 

ПРОВИЗИИ И ТРОШОЦИ

Провизијата за инкасо е согласно Тарифата за надоместоци на Стопанска Банка а.д. Битола

почнувајќи од 0,26%, од износот на наплата минимум 500,00 МКД.