Кредит за финансирање на договорни аранжмани со усогласена рочност

Кредит
за финансирање на
договорни аранжмани
со усогласена рочност

Намена: Финансирање на проекти/инвестиции а кои врз основа на инвестициона програма или бизнис план нудат прифатлива рентабилност и нето врдност на проектот, како и исполнување на други параметри и критериуми вообичаени за оценка на економска оправданост на инвестицискиот проект. Проектираните парични текови треба да се поткрепени и документирани со договори или друга документација


Карактеристики

Износ на кредитот:

Според кредитоспособноста на барателот на кредитот

Валута на кредитот:

денари (МКД), денарски кредити со девизна клаузула и девизни кредити

Рок на враќање:

до 10 години со можност за вклучен грејс период

Начин на враќање:

еднакви месечни, тромесечни или полугодишни ануитети, а во исклучителни случаи и годишни ануитети

Услови

Обезбедување:

Согласно Каталогот за обезбедување и политиката на Банката*

Минимално прифатливо обезбедување:

Хипотека над недвижност и/или залог над подвижни предмети и нотарска меница или солемнизиран договор за кредитна изложеност, со извршни клаузули

Останато:

Новоформирани компании потребно е да прикажат минимум 50% сопствено учество во проектот

Каматни стапки

Каматна стапка:

Согласно Одлуката за политиката на каматни стапки на Банката и усогласена со параметрите од доствениот бизнис план / инвестициона програма

Провизија:

Еднократна провизија согласно Тарифата за надоместоци и услуги на Банката (во моментот 0,5% еднократно + 1% од искористениот износ на кредитот, минимум 3.000 денари, максимум 180.000 денари за денарски кредити и 1,5% еднократно минимум 3.000 денари, максимум 500.000 денари за девизни кредити обезбедени со хипотека над недвижност и залог на подвижни предмети и до 2% еднократно, минимум 3.000 денари за останато обезбедување, освен депозитно обезбедување)

Провизија за превремено враќање на кредитот:

За уплати до 20% од салдото на главнината, на денот на уплатата, не се пресметува провизија за предвремена враќање на кредитот, за уплата над 20% од салдото на главнината провизијата е 3% од предвремено вратениот износ

Останати провизии:

2.000 денари манипулативен трошок за одобрено барање

Валута на кредитот:

Доколку станува збор за девизни кредити или денарски кредити со девизна клаузула реализацијата и наплатата на кредитот се вршат согласно Одлуката за политика на каматни стапки на Банката