Кредит од Земјоделски кредитен дисконтен фонд

Кредит
од Земјоделски кредитен
дисконтен фонд

Намена: Кредити за финансирање основни средства, обртни средства, услуги за стандарди за производство и инвестиции порджани од ИПАРД програмата, на мали и средни претпријатија за примарно производство, преработка на земјоделски производи и извоз на земјоделски производи и нивни преработки.


Карактеристики

Кредитот е наменет и за носители на земјоделски стопанства кои имаат поднесено барање за упис во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и носители на земјоделски стопанства и мали и средни претпријатија кои имаат склучено Договор за финансиска поддршка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за користење на финансиска поддршка од ИПАРД програмата 2007-2013.


Износ на кредитот:

Според кредитоспособноста на барателот на кредитот, максимум до 100.000 ЕУР за примарно производство и до 300.000 ЕУР за преработка и извоз на земјоделски производи

Начин на враќање:

согласно однапред дефиниран амортизационен план


Услови

Обезбедување:

Согласно Каталогот за обезбедување и политиката на Банката*

Минимално прифатливо обезбедување:

Хипотека над недвижност и/или залог над подвижни предмети и нотарска меница или солемнизиран договор за кредитна изложеност, со извршни клаузули

Останато:

За кредити наменети за финансирање на инвестиции поддржани со ИПАРД програмата 2007-2013 (мерка 101) лимитот е согласно износот на вкупно прифатливата вредност на инвестицијата дефиниран во Договорот за финансиска поддршка склучен со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој

Каматни стапки

Каматна стапка:

4% годишно за кредити за примарно производство и 5% годишно за кредити за преработки и извоз на земјоделски производи

Останати провизии:

2.000 денари манипулативен трошок за одобрено барање

Валута на кредитот:

наплатата на кредитот се вршат согласно Одлуката за политика на каматни стапки на Банката